Вести

Седмиот регионален форум за транзициона правда: Без гласот на жртвите нема помирување

 

Загреб, 17 Окт. – Учесниците на Седмиот регионален форум за транзициона правда кој викендов се одржа во Загреб, дадоа заедничка оценка дека делувањето на идната Регионална Комисија  мора да се заснова пред се на доброволноста на жртвите, должноста на секоја држава и независноста на Регионалната Комисија за утврдување на фактите за воените злосторства на територијата на поранешна Југославија (РЕКОМ).

На вториот ден од Форумот, организиран од Центарот за соочување со минатото– Документа од Загреб во име на Коалицијата за РЕКОМ на учесниците им беа презетирани заклучоците од работните групи на кои се разговараше за измените во Нацрт Статутот на РЕКОМ, јавното застапување, а беа дадени и конкретни предлози во однос на медиумската кампања и другите јавни настапи на коалицијата.

Учесниците беа запознаени и со Кампањата за собирање на милион потписи за поддршка на Иницијативата за РЕКОМ, која треба да се реализира во првата половина од 2011 година. Коалицијата за РЕКОМ по завршувањето на кампањата, оваа Иницијатива ќе ја поднесе во секој Парламент на понатамошно усвојување.

Марија Ловриќ, Иван Пшеницам, Јован Беич, Лилјана Алвир, Драган Пјевач и Весна Левар се само дел од жртвите и сведоците на воени злосторства кои се извршени во Вуковар, Осјек, Варивода, Медачки џеп и Госпич, кои ги споделија своите искуства со присутните на Форумот.

Поддшка за формирање на Регионална Комисија даде хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ кој смета дека без гласот на жртвите неможе да постои вистинско помирување во регионот.

„Историјата во регионот беше тешка. Се случија работи за кои сите треба да се срамиме. Се залагам за помирувачка политика. Без утврдување на фактите и казнување на прекршителите на законите за време на војните, неможе да има напредок. Често во фокусот се извршителите, а жртвите се забораваат. Затоа мора да ги слушнеме жртвите, доколку сакаме вистински процес на помирување на овие простори“, изјави Јосиповиќ, додавајќи дека токму иницијативата за формирање на Регионална комисија за утврдување на фактите  за воените злостортства на територијата на поранешна Југославива (РЕКОМ)е дел од напорот за на жртвите да им се понуди некаква сатисфакција како и да се исправи неправдата.

Поддршка на Иницијативата за РЕКОМ даде и вицепремиерот на Хрватска Слободан Узелац, кој потенцираше дека Коалицијата за РЕКОМ може да смета на поддршката од извршната власт во Хрватска.

Иницијативата ја поддржа и претставничката на Европскиот парламент Тања Фајон од Словенија.

Иницијативата формирање на РЕКОМ досега ја имаат поддржано српскиот претседател Борис Тадиќ, Собранието на Црна Гора, Европската Комисија и Европскиот Парламент

На Форумот за транзициона правда во Загреб учествуваа претставници од Црна Гора, Македонија, Хрваткса и Словенија како и поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ.

Директорката на невладината организација Документа од Загреб Весна Тершелич оцени дека територијата на поранешна СФРЈ нема иднина доколку не се утврдат причините и фактите за војните од деведесетите години на минатиот век.  Тершелиќ истакна дека во регионот се уште се водат повеќе од 15 илјади лица како исчезнати и дека во војните животот го загубија повеќе од 120.000 луѓе.

„Учевме од другите и создадовме регионална иницијатива. Успеавме сите да седнеме и да создаваме солидарност кон жртвите. Нашата должност кон нив и идните генерации е злосторствата да не се повторат.“, изјави Наташа Кандиќ, директорката на Фондот за хуманитарно право од Белград.

На Седмиот регионален форум за транзициона правда учествуваа вкупно 300 учесници од сите земји на поранешна Југолавија, главно претставници на невладини организации кои ја поддржуваат Иницијативата за формирање на Регионална Комисија која треба да ги утврди фактите за воените злосторства и кршењето на човековите права во периодот од 1991 до 2001 година на територијата на некогашна Југославија(РЕКОМ).

Иницијативата за формирање на РЕКОМ е започната од мај 2008 година и досега има добиено отворена поддршка од 950 невладини организации и индивидуалци од регионот. Консулаттивниот процес за Иницијативата на РЕКОМ продолжува и во наредните месеци, а во февруари 2011 година треба да се одржи и Осмиот регионален форум за транзициона правда во Сараево, Бих.