21.01.2015.
Зошто РЕКОМ
Прва медиумска кампања со која Иницијативата РЕКОМ беше претставена пред пошироката јавност во регионот. Промотивните активности започнаа на 1 јуни 2010 година, и тоа истовремено во Бања Лука, Белград, Подгорица, приштина, Сараево и Загреб, а набргу беа проширени и на други градови. Од септември во кампањата беа вклучени и градови во Словенија и Македонија.
Во текот на целата година ширум регионот беа емитирани спотови (во режија на Mилутин Петровиќ и на Слободан Шијан), џинглови, а беа делени и лифлети и промотивен материјал со кој беше претставена идејата за основање на регионалната комисија (Зошто РЕКОМ), a јавноста беше повикана да ја поддржи (РЕКОМ-Дај потпис!).
Формиран е и регионален тим за односи со јавноста, кој се занимава со информирање на членовите и членките на Коалицијата за РЕКОМ, на медиумите и на јавноста за сите случувања во рамките на Процесот за РЕКОМ, и тоа со јавно заговарање и собирање на потписи за поддршка за основање на РЕКОМ. Регионалниот тим на Иницијативата за РЕКОМ и денес ги извршува истите задачи.
Во рамките на оваа медиумска кампања е покрената интернет страницата www.zarekom.org, на која можат да се најдат сите релевантни информации за Иницијативата за РЕКОМ, а отворен е и Facebook профил, Za rekom Për comra For recom. И интернет страницата и FB профилот ја имаат опцијата за online придружување на Коалицијата за РЕКОМ.
Фотографии/инсерти од кампањата
Селектирани извештаи на медиумите за кампањата
Поздравен говор на Наташа Кандиќ на промоцијата на кампањата на 1 јуни 2010 година. (достапна само на босански, хрватски, српски и црногорски јазик)