18.11.2014.
Коалицијата за РЕКОМ ги поддржа Измените на Статутот на РЕКОМ
На своето VII Собрание, одржано на 14 ноември 2014 година во Белград, Коалицијата за РЕКОМ ги поддржа измените на Статутот на РЕКОМ, донесени од претставниците на претседателите на Црна Гора, Србија, Хрватска и Косово и на бошњачкиот и хрватскиот член на Претседателството на БиХ[1], а во врска со задачата да се испитаат уставно-правните можности за основање на РЕКОМ во секоја земја одделно. Коалицијата внимателно ги разгледа измените и оцени дека „суштината на предлог Статутот е сочувана, дека укинувањето на репресивните овластувања на Комисијата ги отстранува сомнежите дека РЕКОМ би ја презел надлежноста на судските органи, а дека процедурата за кандидирање и избор на избирачките одбори и на членовите на Комисијата е значително поедноставена“. Коалицијата за РЕКОМги поздрави измените во врска со финансирањето на Комисијата, а со кои се предвидува РЕКОМ да се финансира од домашни и странски донации, како и со средства на меѓународни организации, а не со придонеси на државите, како што предлагаше Коалицијата. Коалицијата особено го поздравува ставот на претставниците според кој во целите на Комисијата се вклучува и „унапредувањето на образовните програми во согласност со фактите кои ќе ги утврди Комисијата“. Меѓу другото, Коалицијата истакнува дека меѓу претставниците, односно меѓу претседателите/членовите на Претседателството, е постигната целосна согласност за тоа дека Комисијата треба да ги утврди фактите за воените злосторства и за другите тешки кршења на човековите права во периодот од 1јануари1991до крајот на декември2001година. Во врска со„истражувањето на политичките и општествените околности кои решавачки придонеле за избивање на војните, како и за извршувањето на воените злосторства и другите кршења на човековите права“ постојат мислења дека е од клучно значење Комисијата да ги истражи причините за војната, но и мислења дека до истражување на причините на војната може да дојде само откако ќе се утврдат фактите за воените злосторства, што е во целосна согласност со предлозите на Коалицијата за РЕКОМ.
Коалицијата одчекува од претседателите/членовите на Претседателството на БиХ, најдоцна до крајот на 2015година да ја информираат јавноста и националните парламенти за своите одлуки заеднички да го поддржат основањето на РЕКОМ. Со тоа, постјугословенските земји, самостојно и без условувања и притисоци од меѓународната заедница, за првпат во историјата на постконфликтните општества, би започнале со изградба на регионален механизам за соочување со минатото кој има потенцијал да ги отстрани недостатоците на кривичната правда, да ја симне информациската блокада за откривањето на преостанатите масовни гробници, како и да обезбеди почитување на фактите и на личните искуства.
[1] Претседателот на Македонија ја извести Коалицијата за РЕКОМ дека ќе ја поддржи одлуката за основање на РЕКОМ доколку меѓу претседателите/Претседателството на БиХ биде постигнат консензус.