Коалицијата за РЕКОМ го одржа своето VIII Собрание на 27 јануари 2018 година во Сараево, а веднаш потоа, на 28 и 29 јануари, и единаесеттиот по ред Форум за транзициската правда во постјугословенските земји.

Делегатите на Собранието ја поздравија подготвеноста на мнозинството лидери на постјугословенските земји да го потпишат Договорот за основање на РЕКОМ на самитот на Берлинскиот процес во Лондон, во јули 2018 година. Со тоа ќе се активира членот 49 од нацрт Статутот на РЕКОМ за преземање на подготовките за основање на Комисијата (РЕКОМ).

Делегатите ја повикаа претседателката на Република Хрватска да ја продолжи поддршката за Иницијативата за РЕКОМ, која ја даваше бившиот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, а со чија стручна поддршка беше составен нацртот на Статутот на РЕКОМ (октомври 2014). Делегатите ја потсетуваат претседателката на Хрватска дека во изработката на нацртот на Статутот на РЕКОМ учествуваше и професорката на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб, д-р Злата Ѓурѓевиќ, во својство на претставничка на претседателот на Хрватска во регионалната работна група за изработка на Статутот на РЕКОМ. Тој Статут, без ниту една забелешка, беше усвоен од Коалицијата за РЕКОМ на 14.11.2014 година, со очекување дека набргу ќе започне процедурата за основање на РЕКОМ.

Коалицијата за замолува претседателката на Хрватска да ги земе предвид фактите кои ги утврдија Хашкиот трибунал и судовите во Хрватска и во регионот, како и резултатите од истражувањата на Documentа и на Фондот за хуманитарно право – податоци кои укажуваат дека идентитетот и околностите на смртта на најмалку 10.000 жртви од војната на територијата на Хрватска се веќе утврдени. Не постои ниту една причина жртвите на војната во Хрватска да не добијат регионално признавање и да не бидат „заеднички жртви“.

Коалицијата за РЕКОМ ги повикува претседателката на Хрватска и претседателот на Словенија, чии две држави се членки на ЕУ, да им се придружат на претседателите на Србија, Косово, Црна Гора и Македонија, како и на бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, да именуваат свои лични претставници за потпишувањето на Договорот за основање на РЕКОМ, кој би бил потпишан од страна на премиероте на постјугословенските земји за време на самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи во Лондон во 2018 година, со што ќе се создадат услови нацрт Статутот на РЕКОМ да стапи на сила во разумен рок.

Форумот за транзициска правда собра 250 учесници, истражувачи на транзициската правда и политика, на нејзината примена во практиката, активисти на невладините организации за човекови правам членови на националните и европските академски кругови, обвинители и судии, жртви и претставници на ЕУ.

Панелот за влијанието на цивилните иницијативи врз јакнењето на транзициската правда покажа дека само мал број проекти на невладините организации добил политичка

поддршка за време на нивната реализација, како и дека примерот на Иницијативата за РЕКОМ покажува дека беа потребни цели 10 години за да се добие (нестабилна) политичка поддршка, која неретко беше тешко да се одржи, но успеа и тоа најмногу благодарение на тоа што Коалицијата за РЕКОМ, освен политичкото и јавното заговарање, спроведува и емпириско истражување. Имено, Коалицијата прави попис на воените жртви од периодот 1991 – 2001 година, како активност во насока на поддршка на мандатот на РЕКОМ. Приказот на активностите на „Жените во црно“ јасно посведочи дека упорното одбележување на злосторствата и учеството на комеморациите ширум регионот, длабоко ја вознемирува јавноста и го јакне сочувството кон „другите“ жртви, но и дека политичките елити во Србија не ја поддржуваат хуманизацијата на „другите“.

Панелот за помирувањето низ призмата на академската заедница даде тажна слика на членовите на академската заедница кои, меѓу другото, имаат задача да ги образуваат младите за минатото. Беше речено дека на нив не може да се смета, дека ангажираните поединци не можат да го сокријат фактот дека „сите ја чуваат својата синекура“, и дека тоа е причината што во секоја земја имаме само еден или двајца историчари кои зборуваат јавно, додека другите бараат изговор истакнувајќи ја научната потреба од „историска дистанца“.

Панелот за наследството на Хашкиот трибунал го проблематизираше придонесот на Трибуналот во образувањето за воените злосторства и командната одговорност, процесирањето на воените злосторства пред домашните судови, придонесот кон демократските процеси – и за отстранувањето од политичката сцена на некои од воените и политичките лидери одговорни за војната и за воените злосторства и за изградната на култура на сеќавање на војните и на жртвите. Панелистите мошне убедливо укажаа дека казнувајќи ги некои од највисоките политички и воени лидери, Трибуналот ја воспостави практиката носителите на власта да одговараат за масовните воени злосторства согласно законот (de iure). Ерик Горди ги резимираше официјалните оценки на локалните лидери и на заедниците за Трибуналот со следните зборови: „вистината е забошотена, институциите работат против нас, нашата група е најголемата и најважната група на жртви, другите групи сторија повеќе злосторства отколку што јавно се зборува, а нашата многу помалку“. Јасна Драговиќ-Сосо укажа дека во рамките на научната заедница речиси и да постои консензус, според кој: „ (…) колку и да се неговите придонеси, Трибуналот немаше некакво повидливо влијание врз изградната на јавното сеќавање на војните и воените злосторства“.

Панелот за помирувањето низ призма на проширувањето на ЕУ во западниот Балкан предизвика најголеми реакции на учесниците на Форумот. Вишиот експерт на ЕК, Давид Хадсон, со едноставни зборови што носи новата стратегија на ЕЈ во поглед на помирувањето: „Ние во ЕУ успеавме да се држиме до договорот – никогаш повеќе да не се убиваме. Вам ЕУ ви помага да ги изградите патиштата, полесно да патувате и да се поврзувате со другите. Тоа е еден од моделите на поддршка за помирувањето. На помирувањето ЕУ не гледа како на опростување на стореното, туку како на индекс за политичката зрелост, за тоа колку се владите во регионот зрели да обезбедат соработка, да ги развиваат демократските институции и да бидат демократични. Помирувањето е ваш интерен предизвик, одговор на наследството од минатото. Вие треба да го утврдите пристапот, а ЕУ е тука да помогне, доколку тој пристап спрема соседите е позитивен, а владите и политичарите да ги држи за збор кога нешто ќе ветат.“

Панелистите Наташа Кандиќ, Ана Рудан и Ерик Горди силно ја потенцираа потребата од посилна поддршка од ЕУ за Иницијативата за РЕКОМ во контекст на подготвеноста на лидерите да придонесат за јавна конструкција на сеќавањата на заедничкото минато, со