Што е РЕКОМ?

РЕКОМ е кратенка од полното име на Регионалната комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права сторени на територијата на некогашна СФРЈ од 1 јануари 1991 до 31 декември 2001 година.

РЕКОМ е официјална, меѓудржавна комисија која заеднички би требале да ја основаат наследничките на некогашната СФРЈ. Како вонсудско тело, РЕКОМ има задача да ги утврди фактите за сите воени злосторства и другите тешки кршења на човековите права во врска со војната; поименично да ги попише сите жртви во врска со војната и да ги утврди околностите на нивната смрт; да собере податоци за местата на заточеништво, за лицата кои биле противправно затворани, подложени на мачење и нечовечно постапување, како и да направи нивен сеопфатен попис; да собере податоци за судбината на исчезнатите, како и да одржи јавни сослушувања на жртвите и на други лица за неделата во врска со војната. Регионалната комисија треба да биде независна од своите основачи и да се финансира од донации.

Нацрт на Статутот на РЕКОМ

 

Што е Коалиција за РЕКОМ?

 

Што е процес на РЕКОМ?