t_REKOM-znak-mali

Парламентарното собрание на 26 јануари 2011 година ја усвои Резолуцијата 1786 (2011) со која се изразува поддршка за напорите на пост-југословенските земји за воспоставување на помирување и новите односи меѓу државите, ја поздрави нивната посветеност за регионална соработка и волјата да се соочат со наследството од минатото. Во резолуцијата посебно е истакната поддршката за иницијативата на невладините организации од пост-југоловенските земји за формирање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воени злосторства на територијата на некогашна СФРЈ (РЕКОМ) којашто има за цел да оддаде почит и да ги признае сите жртви.

На Резолуцијатаи ú претходеше извештајот од Комитетот за надворешни работи на Советот на Европа, на господинот Пјетро Марченаро, кој на заседавањето на Парламентарното собрание 26 јануари 2011 година, ги повика сите земји од регионот на поранешна Југославија да учествуваат во основањето на РЕКОМ, независно од нивниот статус, за таа комисија да профункционира за потполно помирување и признавање на жртвите.

Претстедателот на Република Србија, Борист Тадиќ, гостин на Парламентарното собрание на 26 јануари 2011, уште еднаш ја изрази поддршката  за основање на РЕКОМ и своето цврсто уверување дека регионот и даде поддршка на политиката на помирување.

Наташа Кандиќ на 26 јануари 2011 година, говореше пред Комитетот за надворешни работи за развојот на Иницијативата за РЕКОМ, укажувајќи на тоа дека Иницијативата за РЕКОМ има иднина како меѓудржавен проект, со силна поддршка на граѓанското општество на пост-југословенските земји.

Резолуцијата

Препораки