21.09.2013, Ул.Македонија (пред платото на Мајка Тереза), Скопје,11 – 17.00 часот

Отпочна нова фаза на процесот на РЕКОМ– претседателите на Србија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Косово и двајца членови на Претседателството на БиХ именуваа свои лични претставници во официјалната Регионална група за РЕКОМ, која на 6. 09.2013година во Загреб го одржа својот прв состанок.

Коалицијата за РЕКОМ продолжува со промоција на Иницијативата за РЕКОМ и со ширењето на јавната поддршка за започнатиот меѓудржавен проект РЕКОМ, кој единствено може да ги отстрани ограничувањата и недостатоците на кривичните судења, да ги утврди фактите за сите воени злосторства и да обезбеди јавно признавање на сите жртви, како предуслов за изградбата на мирот, довербата и неповторување на злоделата. Воените злосторства и жртвите не смеат да бидат заборавени.

Со акцијата Го поддржувам РЕКОМ го потсетуваме членот на Претседателството на БиХ, Небојша Радмановиќ, и претседателот на Словенија, Борут Пахор, дека единствено тие двајца немаат именувано свои претставници за РЕКОМ.

Со акцијата Го поддржувам РЕКОМ го изразуваме нашето почитување спрема сите жртви и нашата одговорност за иднина во мир и без страв од повторување на злосторствата.

 

Во име на Коалицијата за РЕКОМ

Центар за истражување и креирање политики

Скопје