РЕКОМ за иднината

SAMSUNG
Оваа кампања беше фокусирана на потсетување на претседателите или членовите на претседателствата во регионот на фактот дека основањето на РЕКОМ зависи од нивната одлука. Налик на акциите кои ги спроведува Amnesty International, беа организирани акции на испраќање разгледници на адресите на претседателите во регионот, со кратка порака на потсетување на веќе искажаната поддршка за основање на РЕКОМ, и на тоа дека е дојдено времето да се направи чекор напред. Во времето на одржувањето на оваа кампања тој чекор требаше да биде покренување на официјална процедура за испитување на уставно-правните можности за основање на РЕКОМ.

Во сите главни градови на државите во регионот беше организирана еднодневна улична акција во рамките на која сите кои сакаа да го сторат тоа ги потпишуваа РЕКОМ разгледниците со своето име и презиме, а разгледниците подоцна беа упатени на адресата на секој од претседателите на државите или на членовите на претседателството на БиХ.

Oваа акција беше одржана на 22 септември 2012 година.

Како поддршка на оваа акција беше реализирана и онлајн кампања која започна на 25 август и траеше сé до 22 септември. На корисниците на социјалните мрежи им беше упатен повик преку Facebook иTwitter налогот на Иницијативата за РЕКОМ за на своите профили постават фотографии со пораки на поддршка за РЕКОМ, како и самите да се приклучат на Иницијативата со свои фотографии со нови пораки. На Facebook страницата беа поставени и огласи и видео пораки.

Видео пораки

Лифлети

Press clipping

Разгледници со пораки до претседателите, претседателката и членовите на претседателството, со пораки на поддршка