Покренување на регионална дебата за вонсудските механизми за утврдување и кажување на фактите за воените злосторства

04.09.2005

ФХП, Documenta (Хрватска) и Истражувачко-документациониот центар (ИДЦ – БиХ) покренуваат расправа за механизмите за механизмите за утврдување и кажување на фактите за воените злосторства од непосредното минато. Oдржан е состанок на 10 водечки организации за човекови права од постјугословенските земји, со учество на експерти на Меѓународниот центар за транзициска правда. Учесниците на состанокот даваат полна поддршка на судењата за воени злосторства. Имајќи во вид дека кривичните судења се фокусирани на сторителите, FHP, Documenta И ИДЦ донесуваат одлука за покренување на регионална дебата за вонсудските механизми за утврдување и кажување на фактите за воените злосторства и за другите тешки кршења на човековите права, чиј фокус ќе биде на жртвите.

Прв регионален форум за транзициска правда, Сараево, БиХ

05.05.2006

Првиот Регионален форум за транзициска правда, посветен на Иницијативите и на перспективите за утврдување на вистината за минатото, ја организираа Истражувачко документациониот центар (БиХ), Фондот за хуманитарно право (Србија) и Documenta (Хрватска).

Со учество на околу 300 учесници од целиот регион, со овој Форум започна првата фаза на Консултативниот процес – дебатата за тоа какви механизми за утврдување на фактите за воените злосторства му се потребни на регионот.

Втор регионален форум за транзициска правда, Загреб, Хрватска

08.02.2007

Вториот регионален форум за утврдување на вистината за воените злосторства и за судирите беше организиран од Documenta, Фондот за хуманитарно право и Истражувачко-документациониот центар. Преку 300 учесници од постјугословенските земји – претставници на организациите за човекови права, здруженијата на жртвите и семејствата на исчезнатите, организациите на бранителите, Хашкјиот трибунал, Меѓународниот центар за транзициска правда, судии, обвинители, уметници и новинари – расправаа, за првпат во Хрватска, за инструментите за утврдување на вистината за минатото. Форумот го отвори претседателот на Република Хрватска Стјепан Месиќ, кој силно го поддржа утврдувањето на фактите на регионално ниво.

Tрет регионален форум за транзициска правда, Белград, Србија

11.02.2008

Tретиот регионален форум за транзициска правда беше организиран од Фондот за хуманитарно право (Србија), Documenta (Хрватска) и Истражувачко-документациониот центар (БиХ). Во работата на Форумот учествуваа преку 300 претставници на здруженија на жртвите, жртви кои не членуваат во здруженија, ветерани, активисти на организации за човекови права и младински организации, новинари, судии, обвинители, адвокати, пратеници, правници, историчари, уметници, студенти и средношколци. Форумот го отворија претседателот на Народната скупштина на Република Србија Oливер Дулиќ и Специјалниот известувач на Европскиот парламент за Србија, Jелко Кацин.

На Третиот регионален форум дотогашната дебата за вонсудските механизми e конкретизирана – почнува да се зборува за потребата од oсновање на регионално тело за утврдување на фактите o воените злосторства.

За првпат беше организирано јавно слушање на жртвите.

Лансирана е Иницијативата за РЕКОМ

09.05.2008

На Регионалните консултации со претставниците на здруженијата на жртвите, жртвите и ветераните, одржани на 9 мај 2008 година во Подгорица, Црна Гора, беше лансирана Иницијативата за основање на Регионална комисија за утврдување и кажување на фактите за воените злосторства (РЕКОМ).

Покренувачи на оваа Иницијатива се Фондот за хуманитарно право (Србија), Documenta (Хрватска) и Истражувачко-документациониот центар (БиХ).

Учесниците на консултациите – претставници на здруженијата на жртвите, жртвите кои не членуваат во здруженија и ветераните од Црна Гора, Хрватска, БиХ, Србија, Македонија, Словенија и Косово – ја поддржаа Иницијативата за основање на РЕКОМ, со длабоко уверување дека таа ќе добие силна поддршка и од здруженијата на семејствата на исчезнатите во сите постјугословенски земји.

Формиран е Координативен совет

09.05.2008

Предлагачите на Иницијативата – ФХП, Documenta и ИДЦ – формираа Координативен совет (со членови по повик) на 9.05.2008 година во Подгорица, Црна Гора. Првата задача на Советот беше да формира Коалиција за основање на РЕКОМ, со цел на неа да го пренесат управувањето со консултативниот процес. Подоцна, Советот имаше за задача да врши надзор над спроведувањето на одлуките на Собранието на Коалицијата за РЕКОМ.

Координативниот совет престанува да постои со формирањето на Регионалниот тим на заговарачи во октомври 2011 година, со што започнуваат подготивките за новата фаза на Процесот РЕКОМ, институционализацијата.

Четврт регионален форум за транзициска правда, Приштина, Косово

28.10.2008

Четвртиот регионален форум беше најмасовниот собир за механизмите за утврдување на фактите за воените злосторства кој некогаш бил одржан на просторот на бившпа Југославија. Организатори беа Фондот за хуманитарно право, Documenta, Истражувачко-документациониот центар, Здружението Shpresimi и Community Building Mitrovica. Со нпоздравни говори собирот го отворија претседателот на Косово Фатмир Сејдиу, заменикот на шефот на мисијата EULEX Roy Reeve и други високи функционери.

На овој Форум беше основана Коалицијата за РЕКОМ која има задача да спроведе расправа за мандатот, целите и другите елементи на РЕКОМ.

По Четвртиот регионален форум за транзициска правда, Истражувачко-документациониот центар од Сараево истапи од Координативниот совет и го прекина својот натамошен ангажман и застапување на Иницијативата за основање на Регионална комисија.

Формирана е Коалицијата за РЕКОМ

28.10.2008

Коалицијата за РЕКОМ е мрежа на на организации на цивилното општество од постјугословенските земји кои се залагаат за основање на РЕКОМ – Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права извршени на територијата на бивша СФРЈ, oд 1 јануари 1991 до 31 декември 2001 година.

Коалицијата е формирана на 28 октомври 2008 година во Приштина, на Косово, во рамките на Четвртиот форум за транзициска правда, со одлука на 100 невладини организации за човекови права, организации на млади и здруженија на семејствата на исчезнатите и бившите логораши, учесници/учеснички на споменатиот Форум. До крајот на 2014 година, Коалицијата за РЕКОМ броеше преку 2.050 невладини организации и поединци. Сите тие го делат мислењето дека единствено заедничкиот, регионален пристап кон утврдувањето на фактите може да гарантира сеопфатен историски запис за тоа што се случило во минатото.

Со Коалицијата за РЕКОМ управува Собранието на членовите и членките на Коалицијата. За техничка и стручна поддршка на Коалицијата е задолжен Регионален совет, со кој раководи координаторката на проектот/процесот РЕКОМ наташа Кандиќ, a во чиј состав се претставници на десет невладини организации од постјугословенските земји, кои се и Партнерски организации на проектот РЕКОМ: Фондот за хуманитарно право (Србија), Иницијативата на младите за човековите права во Србија, Иницијативата на младите за човековите права во Хрватска, Здружението за транзициска правда, одговорност и сеќавање во БиХ (ТПОС), Центарот за демократија и транзициска правда (БиХ), Фондот за хуманитарно право Косово, Центарот за граѓанско образование (Црна Гора), Центарот за истражување и креирање политики (Македонија) и Центарот за истражување на религијата, политиката и општеството (Србија).

Статут на Коалицијата за РЕКОМ

Статутот на Коалицијата за РЕКОМ е усвоен на Собранието на членките на Коалицијата кој беше одржан во Загреб, на 15 октомври 2010 година, a актуелните Измени и дополнувања на Статутот на Коалицијата се усвоени на Собранието на Коалицијата за РЕКОМ oдржано во Сараево, на 26 јуни 2011 година.

Членови на Регионалниот совет на Коалицијта за РЕКОМ

Четврт регионален форум за транзициска правда, Приштина, Косово

28.10.2008

100 организации на цивилното општество ја основаат Коалицијата за РЕКОМ. ФХП, Документа и ИДЦ на Коалицијата ѝ го предаваат управувањето со консултативниот процес.

Петти регионален форум за транзициска правда, Будва, Црна Гора

29.05.2009

Петтиот регионален форум собра преку 200 невладини организации од сите земји на регионот на некогашна СФРЈ. Со своите 316 учесници тоа беше еден од најголемите собири посветени на транзициската правда. Форумот го организираа Центарот за граѓанско образование и Акцијата за човекови права од Црна Гора, со помош на Секретаријатот на Коалицијата за РЕКОМ. Тоа е првиот форум на кој членовите на Коалицијата за РЕКОМ, во рамки на четирите работилници, расправаат за моделот и другите елементи на моделот РЕКОМ. Еден ден пред Форумот, членовите на Коалицијата го одржаа првото основачко собрание на Коалицијата на кое е усвоен Статутот на Коалицијата и се избрани членовите на Координативниот совет. Петтиот форум го отворија Ранко Кривокапиќ, претседател на Скупштината на Црна Гора, Pierre Mirel, директорот на Одделението на Европската комисија за проширување за земјите на западен Балкан, и Ron J.P.M. van Dartel, амбасадор на Кралството Холандија во Црна Гора и Србија.

Шести регионален форум за транзициска правда, Нови Сад, Србија

20.03.2010

Шестиот регионален форум za транзициска правда го отвори потпретседателката на Владата на Војводина Ана Томанова Маканова, шефот на делегацијата на Европската комисија во Србија Vincent Degert, претседателот на Независното здружение на новинарите на Војводина Динко Грухоњиќ и режисерот Желимир Жилник. На собирот учествуваа преку 300 претставници/претставнички на организациите и поединци од целиот регион на бивша СФРЈ. Во рамки на Форумот беше одржано второто собрание на Коалицијата за РЕКОМ.

Започната е регионалната медиумска промоција на Иницијативата за РЕКОМ

01.06.2010

Првата медимска кампања со која Иницијативата за РЕКОМ беше претставнеа пред пошироката јавност во регионот се викаше Зошто РЕКОМ. Промотивните активности започнаа на 1 јуни 2010 година, и тоа истовремено во Бања Лука, Белград, Подгорица, Приштина, Сараево и Загреб, а набргу се прошири и на други градови.

ТВ спотовите ги режираа Слободан Шијан и Милутин Петровиќ.

Покренат е website www.ZaРЕКОМ.org на осум јазици, како и Facebook и Twitter презентацијата на Иницијативата.

Иницијативата за РЕКОМ се шири кон Македонија и Словенија

06.06.2010

Во јуни 2010 година, во Консултативниот процес се вклучуваат невладините организации и здруженијата на жртвите i ветераните од Македонија, а потоа и невладините организации и здруженијата на избришаните од Словенија.

Седми регионален форум за транзициска правда, Загреб, Хрватска

17.10.2010

Седмиот форум за транзициска правда е одржан на 16-17.10.2010 година во Загреб. Форумот го отвори претседателот на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ. Во неговата работа учествуваа бившиот претседател на РХ, Стипе Месиќ, потпретседателот на Владата на РХ Слободан Узелац и претставниците на Саборот и министерствата на РХ. Освен пленумот, дебатата на учесниците е организирана во рамки на четири работни групи: за состав и избор на членови на РЕКОМ, за овластувањата на РЕКОМ и за односите спрема правосудството, за јавно заговарање на Иницијативата и за целите и задачите на РЕКОМ.

Форумот заврши со заедничка оценка на учесниците дека делувањето на идната регионална Комисија мора да се заснова на принципите на доброволност на жртвите, обврзаност на државите, и самостојност на регионалната комисија за утврдување на фактите за воените злосторства на подрачјето на бивша Југославија (РЕКОМ).

Почеток на јавното заговарање

10.01.2011

Со јавно заговарање на Иницијативата за РЕКОМ се започна во јануари 2011 година. Тоа се извршува на национално ниво, а во него учествуваат членовите на Координативниот совет на Коалицијата за РЕКОМ, координаторите и претставниците за односи со јавност на Иницијативата за РЕКОМ и членови на Коалицијата за РЕКОМ. Цел на јавното заговарање е добивање политичка поддршка за основање на РЕКОМ.

Европскиот парламент дава поддршка на Иницијативата за РЕКОМ

19.01.2011

Во Резолуцијата на Европскиот парламент за процесот на европски интеграции на Србија усвоена на 19 јанбуари 2011 година, под точката 34. се изразува поддршка за Иницијативата за РЕКОМ „со цел продолжување на процесот на подигање на свеста и помирувањето ширум Западен Балкан“, и се повикуваат властите на Србија и на другите земји вклучени во тоа прашање да дадат поддршка на оваа Иницијатива.

Усвоена е Резолуција на Советот на Европа со која се поддржува основањето на РЕКОМ

26.01.2011

Парламентарното собрание, на 26 јануари 2011 година, ја усвои Резолуцијата 1786 (2011) Reconciliation and political dialogue between the countries of the former Yugoslavia, во која ја изразува својата поддршка за напорите на постјугословенските земји за воспоставување на помирување и на нови односи меѓу државите.

Во резолуцијата е особено истакната поддршката за иницијативата на невладините организации од постјугословенските земји за формирање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства на територијата на некогашна СФРЈ (РЕКОМ) која има за цел да одаде почитување и да ги признае сите жртви.

Усвојен Предлог статутот на РЕКОМ

26.03.2011

Коалиција за РЕКОМ, на своето Собрание, го усвои Предлог Статутот на РЕКОМ, кој беше подготвен од Работната група на Коалицијата за РЕКОМ за статут, а врз основа на предлозите и препораките на учесниците на консултативниот процес и анализата на статутите на успешните комисии за вистината и на законодавствата на парламентарните и истражните комисии во постјугословенските земји.

Петиција за основање на РЕКОМ

26.04.2011

За девет недели, колкушто траеше кампањата, беа собрани 545.000 потписи на граѓани. Во Босна и Херцеговина беа собрани 122.540 потписи на поддршка, Во Хрватска 19.674, во Црна Гора 31.060, во Србија 254.625, во Словенија 5.346, во Македонија 10.069 потписи, а најголемото изненадување во кампањата беше големиот број потписи собрани во Бања Лука (46.000) и на Косово (100.566).

Oдржан е VIII Регионален форум за транзициска правда, Сараево, БиХ

27.06.2011

За разлика од претходните форуми кои беа во функциј на дебатата за основање на РЕКОМ, целта на овој форум беше да се согледаат и оценат резултатите на процесот на транзициска правда во регионот. „Ова е обид процесот на соочување со минатото да им го предадеме на институциите“, рече Кандиќ.

Собирот е одржан на 27 јуни 2011 година во хотелот Holiday Inn во Сараево, БиХ.

Интелектуалците и уметниците од регионот бараат основање на РЕКОМ

07.10.2011

Писмо на поддршка на Иницијативата за основање на РЕКОМ, кое беше упатено на 7 октомври 2011 година до претседателите и членовите на претседателствата на земјите-наследнички на бивша Југославија, го потпишаа 155 уметници и интелектуалци, познати и почитувани ширум регионот.

Формиран е Регионален тим на јавни заговарачи

09.10.2011

Втората фаза на процесот РЕКОМ, Институционализацијата на Иницијативата за РЕКОМ (пренесување на Иницијативата од цивилно на политичко ниво) започна со формирање на Регионален тим на јавни заговарачи (РТЈЗ) во октомври 2011 година. Членовите на тимот, на повик на Фондот за хуманитарно право, беа предложени од партнерските организации кои активно учествуваа во трогодишниотконсултативен процес за мандатот на РЕКОМ. Примарната цел на РТЈЗ е политичко заговарање за основање на РЕКОМ.

РТЈЗ го сочинуваат: Здравко Гребо, професор на Правниот факултет во Сараево, Дино Мустафиќ, театарски режисер и новинарката Џенана Каруп-Друшко (БиХ), Жарко Пуховски, професор на Филозофскиот факултет во Загреб (Хрватска),  новинарот Aдриатик Келменди (Косово), новинарот Драгољуб Вуковиќ (Црна Гора), новинарот Динко Грухоњиќ и активистката за човекови права, Наташа Кандиќ (Србија), и проф. д-р Жидас Даскаловски (Македонија).

Билјана Ванковска, професор на Филозофскиот факултет во Скопје (Македонија) поднесе оставка во членството во РТЈЗ во коември 2013 година, бидејќи сметаше дека не постигнала соодветен успех во јавното заговарање во Македонија. Новинарот Игор Мекина (Словенија) престана со активностите во РТЈЗ и во Иницијативата за РЕКОМ во јануари 2014 година.

Иницијативата за РЕКОМ е вклучена во Стратегијата за проширување и во извештаите на Европската комисија

12.10.2011

Европската комисија, на 12.10.2011, го објави документот Стратегија за проширување и клучните предизвици 2011-2012 за регионот на бивша СФРЈ, и во поглавјето 2.3 ја наведе Иницијативата за РЕКОМ како исклучително значајна за процесот на регионално помирување. Исто така, во извештаите за напредокот на Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, македонија, Црна Гора и Косово, ЕК ја истакна поддршката за Иницијативата за РЕКОМ како интегрален дел на процесот на европски интеграции на земјите во регионот.

Европската комисија, и во извештајот за прогресот на Србија во процесот на евроинтеграција за 2013 година, наведе дека продолжува со својата поддршка за Процесот РЕКОМ. Во документот Стратегија за проширување и клучните предизвици 2013 -2014 (SERBIA 2013 progress report) кој беше објавен на 16 октомври 2013 година, ЕК го поздрави првиот состанок на пратениците на претседателите на државите за РЕКОМ.

Регионален состанок на Коалицијата за РЕКОМ, Загреб, Хрватска

04.11.2011

Учествуваа 63 претставници на организации-членки на Коалицијата за РЕКОМ од сите постјугословенски земји.

Жарко Пуховски, јавен заговарач во Хрватска, го покрена прашањето за „тврдото јадро“ на Статутот на РЕКОМ, кој Коалицијата треба да го определи, со што заговарачите би имале јасно упатство за минималните стандарди до кои треба да се придржуваат во јавното заговарање на Иницијативата за РЕКОМ. Во оценката на новата фаза на заговарањето, тој рече: „Онака како што процесот РЕКОМ преминува на политичко ниво, така се гудби содржината, но се добива на моќта. Губењето на содржината првенствено ќе се огледува во барањата на политичарите нашиот Предлог Статут дa се измени. Во врска со можните измени, задачата на Коалицијата е да утврди во што се содржи ’тврдото јадро’, односно она што мора да остане во Статутот, a од кои точки, по потреба, може да се отстапи.“ Заклучокот на Коалицијата е за „тврдото јадро“ на Предлог Статутот нa РЕКОМ да се разговара на следниот состанок на Коалицијата заРЕКОМ, планиран за февруари 2012 година.

Регионален состанок на Коалицијата за РЕКОМ, Белград, Србија

25.02.2012

Учествуваа 65 членови нa Коалицијата за РЕКОМ. На состанокот беа претставени резултатите на истражувањето за состојбата на пранзициската правда во постјугословенските земји, а во продолжение членовите на Коалицијата за РЕКОМ, во текот на целиот ден, расправаа за текот на процесот на институционализација на Иницијативата за РЕКОМ, како и за „тврдото јадро“ на Предлог Статутот на РЕКОМ, како обврзувачки минимум во политичкото заговарање за Иницијативата за основање на РЕКОМ.

Во расправата за „тврдото јадро“ на Предлог Статутот, учесниците се сложија со професорот Жарко Пуховски дека усвоениот Предлог Статут нa РЕКОМ, кој беше усвоен од Коалицијата за РЕКОМ на 26.03.2011 година, е базичен документ во изградбата на минимален консензус за расправа на официјално ниво.

Eвропскиот парламент изрази поддршка за иницијативата за РЕКОМ

29.03.2012

Европскиот парламент, на 29 март 2012 година, ја усвои Резолуцијата за напредокот на Србија (2011/2886 RSP), документо кој беше подготвен од словенечкиот пратеник Јелко Кацин. Во точка 39 од Резолуцијата, Европскиот парламент „ја изразува својата поддршка за Иницијативата за РЕКОМ со цел таа и натаму да го придвижува и насочува процесот на помирување во целиот западен Балкан“.

Регионален состанок на Коалицијата за РЕКОМ, Приштина, Косово

21.05.2012

Главна тема беше заговарањето и прогресот на Иницијативата за РЕКОМ во контекст на политичката ситуација во регионот на бивша СФРЈ.

Регионален состанок на Коалицијата за РЕКОМ, Белград, Србија

08.09.2012

Регионалниот состанок на Коалицијата за РЕКОМ беше одржан на 8 септември 2012 година во Белград, а на него учествуваа 60 членови на Коалицијата. За првпат членовите на Коалицијата зборуваа за своите сеќавања од војната и за војната (сесијата Што паметиме, на што се сеќаваме, е објавена во бројот 10 на !Глас на Иницијативата за РЕКОМ). Меѓу учесниците беа и жртви кои за првпат зборуваа за своите воени искуства и млади кои за воените злосторства повеќе дознале благодарејќи на учеството во Процесот РЕКОМ.

Акција РЕКОМ за иднината – Загреб, Приштина, Белград, Сараево, Подгорица, Љубљана, Скопје

22.09.2012

Кампањата беше фокусирана на потсетувањето на претседателите или членовите на претседателствата на државите во регионот на фактотот дека основањето на РЕКОМ зависи од нивната одлука. По пример на акциите кои ги спроведува Amnesty International, беа организирани акции на испраќање разгледници на адресите на регионалните претседателста, со кратка порака на потсетување на веќе искажаната поддршка за основање на РЕКОМ, како и на тоа дека е стасано времето да се направи чекор натаму. Aкцијата РЕКОМ за иднината беше одржана на 22 септември 2012 година.

РЕКОМ за иднината на младите, Бања Лука, Сараево, Приштина, Загреб, Белград, Љубљана, Подгорица, Скопје

24.10.2012

Коалиција за РЕКОМ продолжува со собирање потписи на поддршка за одновање на РЕКОМ.

Именувани се претставници за РЕКОМ

25.01.2013

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ ја именуваше Злата Ѓурѓевиќ, редовен професор на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб, на 25 јануари 2013 година;

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов го именуваше Лубен Арнаудоски, заменик на генералниот секретар за правни и организациски работи во својот Кабинет, на 25 јануари 2013 година;

Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ ја именуваше Соња Томовиќ-Шундиќ, декан на Факултетот за политички науки во Подгорива и негов личен советник за малцински и човекови права, на 28 јануари 2013 година;

Претседателката на Косово Атифете Јахјага го именуваше Селим Селими, својот правен советник, на 25 март 2013 година;

Членот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ го именуваше Горан Михаљевиќ,  правник, офицер за врска со Хашкиот трибунал, на 25 март 2013 година;

Членот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ го именуваше Aљоша Чампар, правник, доградоначалник на Сараево, за свој пратеник, на 21 февруари 2013 година;

Претседателот на Србија Томислав Николиќ го именуваше Синиша Важиќ, судија на Апелациониот суд во Белград за свој пратеник, на 30 јуни 2013 година;

Претседателот на Словенија Борут Пахор и третиот член на Претседателството БиХ, Небојша Радмановиќ, не именуваа свои претставници за РЕКОМ [1].

[1]Во име на Коалицијата заРЕКОМ и на јавните заговарачи, професорот Жарко Пуховски, лично му се обрати на претседателот на Словенија, и на 24.04.2014 година прими одговор од неговиот советник за надворешни работи, со кое беше известен дека прашањето на РЕКОМ е во надлежност на Владата на Словенија. На Коалицијата за РЕКОМ ѝ беше препорачано да му се обрати на Миниситерството за надворешни работи на Република Словенија. Tретиот член на Претседателството на БиХ никогаш не одговори на дописите и на јавните обраќања на Коалицијата за РЕКОМ во врска со именувањето пратеник за РЕКОМ.

Одржан е IX Меѓународен форум за транзициска правда, Јахорина, БиХ

17.05.2013

IX Mеѓународен форум за транзициска правда под назив Помирувањето во постјугословенските земји е одржан на 17 и 18 мај 2013 година на планината Јахорина, во БиХ.

На Форумот се зборуваше за достигнувањата во воспоставувањето на транзициската правда во постјугословенските земји, за искуствата на Северна Ирска, помирувањето низ призма на државите, верските заедници, научната заедница, заедницата на уметниците и културолозите, организациите на цив илното општество, како и за наследството на Хашкиот трибунал во функција на помирувањето.

Oдржано е Шестото собрание на Коалицијата за РЕКОМ, на 17 мај 2013 година на Јахорина, БиХ.

Со работа започна Регионалната експерска група за РЕКОМ

06.09.2013

Регионалната експерска група ја сочинуваат личните претставници за РЕКОМ на претседателите/членовите на Претседателството на БиХ. Задачата на пратениците за РЕКОМ, која беше формулирана од претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ, е анализа на Предлог Статутот на РЕКОМ од аспект на уставно-правните и политички можности за основање на РЕКОМ, во секоја земја одделно.

Во работата на Регионалната експерска група, во име на Коалицијата за РЕКОМ и на јавните заговарачи, учествуваа Мидхат Измирлија, член на Работната група за статут на Коалицијата за РЕКОМ и Наташа Кандиќ, координаторка на процесот РЕКОМ. Нивната задача беше од техничка природа, да дадат толкување на Предлог Статутот на РЕКОМ кој беше предложен од Коалицијата и да се погрижат сите предлози на пратениците благовремено и веродостојно да бидат внесени во Измените. Во работата, повремено, во својство на посматрачи, учествуваа и останатите јавни заговарачи.

Претставниците одржаа вкупно четири состаноци, од кои два состаноци во 2013 година, на 8 септември и на 24 октомври, двата во Загреб, и до крајот на јуни 2014 година, два состанока – на 8 март, во Загреб, и на 4 мај, во Белград. На вториот состанок, претставниците донесоа одлука да се консултираат со претседателите/членовите на Претседателството на БиХ за „периодот и подрачјето на истражување“ на Комисијата, пред да го упатат финалниот документ на Измените на разгледување и одлучување. Претставниците започнаа со консултации во мај и до крајот на јуни 2014 година сѐ уште во тек. Јавните заговарачи активно учествуваа во споменатите консултации.

Претставниците за РЕКОМ го нокончаа својот мандат на 28.10.2014 година. Предложените Измени на Предлог Статутот на РЕКОМ, беа усвоени на Собранието на Коалицијата за РЕКОМ, на 17.11.2014 година.

Акција Го поддржувам РЕКОМ – Бања Лука, Сараево, Белград, Љубљана, Подгорица, Приштина, Загреб, Скопје

21.09.2013

По повод Меѓународниот ден на мирот, Коалицијата за РЕКОМ ја органзираше кампањата Го поддржувам РЕКОМ и ја извести јавноста дека со работа почна Регионалната експертска група за РЕКОМ.

Поддржани се Измените на Статутот на РЕКОМ

14.11.2014

Коалицијата за РЕКОМ, на 14 ноември 2014 година во Белград (Србија), одржа Собрание, седмо по ред, со учество на 104 делегати, кои беа претставници на вкупно 1950 членови. Делегатите, со еден глас против и два воздржани, ги поддржаа Измените на Статутот на РЕКОМ, кои беа составени од претставниците на претседателите на Црна Гора, Србија, Хрватска и Косово, бошњачкиот и хрватскиот член на Претседателството на БиХ, а во врска со задачата да се испитаат уставно-правните можности за основање на РЕКОМ во секоја земја одделно.

Oдржан е X Меѓународен форум за транзициска правда

15.11.2014

X Форум беше посветен на достигнувањата во транзициската правда, промоцијата на употребата на фактите во уметничките дела и слушањето на гласот на жртвите. Форумот е одржан на 15 и 16 ноември 2014 година во Белград, во организација на Коалицијата за РЕКОМ. Најавена е нова фаза на Процесот РЕКОМ, во која Коалицијата ги следи, им помага и ги поттикнува државните институции да го основаат РЕКОМ.

Писмо до претседателите/членовите на Претседателството на БиХ

10.12.2014

Коалиција за РЕКОМ, на 10 декември 2014 година, им упати писмо на претседателите /членовите на Претседателството на БиХ, за да ги потсети дека Собранието ги поддржа Измените на Статутот на РЕКОМ, со што се создадени услови за нов исчекор кон основање на Регионалната комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и за другите тешки кршења на човековите права во војните на територијата на бивша Југославија – РЕКОМ.