Гласот на жртвите

Жртвите на војните на просторот на бивша Југославија не се борјки, туку луѓе кои имаат свое име и презиме, свои животи и свои судбини.

Оние кои преживеаја, сведочеа пред Хашкиот трибунал за сторените злосторства.

Коалицијата за РЕКОМ претставува 100 видео записи на нивните искази.

Во изводите од видео записите се наоѓа и приказната на Агрон Бериша за убиството на 49 членови на семејството Бериша во Сува Река / Suharekë на 25 и 26. 3. 1999 година. Приложено е и сведочењето на Саранда Бојгујевци, која во март 1999 година, на 14 години, го преживеала убиството на осум членови на потесното семејство и на шест членови на семејството Дуриќи. Тука е исказот на Нермин Карагиќ, кој како седумнаесетгодишник, во 1992 година го преживеал масакрот во Љубија, во кој е убиен и неговиот татко. Сведокот Милица Ѓуриќ, хрватска државјанка од српска националност, зборува за палењето на нејзиниот маж на 6. 8. 1995 година во крајинското село Ѓуриќи во долината Плавно.