РЕКОМ мрежа за помирување

rijeka

21.11.2014.

Дебата за соочувањето со минатото во Хрватското народно казалиште во Ријека

t_IMG_2907

 

На 19 ноември 2014 година, Хрватското народно казалиште Ivan pl. Zajc (HNK Ivan pl. Zajc) и Коалицијата за РЕКОМ ја организираа јавната трибина „Употребата на фактите во театарското претставување на стварноста од деведесеттите“, како вовед во претставата „Хрватско глумиште“, последниот дел на „Tрилогијата за хрватскиот фашизам“, авторскиот проект на режисерот Oливер Фрљиќ и на драматургот Марин Блажевиќ.

Говор ници на трибината беа режисерот на претставата „Хравтско глумиште“, Оливер Фрљиќ, театарскиот режисер од Босна и Херцеговина, Дино Мустафиќ, кој режира претстави кои дејствуваат во рамки на воената тематика и соочувањето со минатото, особено она од деведесеттите, и Свен Милекиќ, шретставник на Коалицијата за РЕКОМ. Мустафиќ, исто така, дејствува и како јавен заговарач на Коалицијата за РЕКОМ, широката коалиција на здруженија, организации и поединци од сите 7 новонастанати држави од подрачјето на некогашна Југославија, кои заговараат воспоставување на регионална комисија за утврдување на фактите за војните од 1991 до 2001 година. Една од основните задачи на таа комисија е изготвување на поименичен список на сите убиени, пострадани, заточени и протерани луѓе од просторите на некогашна Југославија и отворање на широк општествен дијалог за сите злосторства и настаните кои ја обликуваа нашата општествена стварност.

Драматургот на HNK Ivan pl. Zajc, Марин Блажевиќ, ја насочи расправата кон прашањето за театарот како огледало на општествената стварност, кој ја преиспитува и влегува во проблематиката која останува надвор од делувањето на академската заедница, медиумите, па дури и на цивилното општество. Фактите утврдени низ работата на судовите, полицијата, невладините организации или комисијата нужно мораат да бидат контекстуализирани за разбивање на државните митови и на нив заснованите историски интерпретации. Кога станува збор за масовни злосторства и за газењето на човековите права во последните војни, презентацијата на фактите е нужна на сите нивоа и низ сите расположиви канали, со цел жртвите да добијат макар и мала сатисфакција, а сторителите – општествена осуда, во недостаток на судски пресуди.

на трибината, во првиот ред седеа неколку доброволци, кои откако режисерите им објаснија како се третираат документарните и политичките факти во современиот постдрамски театар, немаа посебни прашања и мирно си заминаа. Фрљиќ и Блажевиќ, со помош на сараевскиот театарски режисер Дино Мустафиќ и активистот на Коалицијата за РЕКОМ, Свен Милекиќ, толкуваа зошто е важно секој на овие простори да се соочи со своите злосторства. Во преполниот салон на зградата на ХНК ги запознаа како Фрљиќ ја прави истата работа во Словенија, БиХ и Србија. Свен Милекиќ објасни како Коалицијата заговара воспоставување на регионално тело со цел да изготви поименичен попис на сите убиени, исчезнати и заробени луѓе, во врска со војната.

Два дена пред трибината во Ријека, во Белград беше одржан X Форум за транзициска правда, на кој режисерите Дино Мустафиќ, Aндреј Носов и Стефан Бодрожа, Пјер Жалица и Лазар Стојановиќ, драматургот Aмир Башовиќ, и сараевските глумци, Маја Изетбеговиќ и Албан Улкај, зборуваа за уметничката потреба и одговорност да се занимаваат со она што е службена политика на заборав и што не влегува во службената историографија.

 


info heading

info content

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.