Вести

Процесите пред МКТЈ ја откриваат празнината помеѓу индивидуалната кривична правда и пишувањето на историјата

IJT

 

„Конечно, добри вести од Хаг!“ се слушна, сега веќе славниот повик на српскиот премиер Ивица Дачиќ, откако во жалбена постапка Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија, го ослободи од вина некогашниот Началник на Генералштабот на Војската на Југославија, Момчило Перишиќ. За него и за владата која ја претставуваше со тоа беа виндицирани и постапките на официјален Белград во текот на војната. Фактот што Меѓународниот суд на правдата претходно утврди делумна одговорност на државата Србија токму за злосторствата поради кои му беше судено на Перишиќ, беше турнат под тепих [IJT-63].

 

Пишува: Joost van Egmond, The International Justice Tribune (IJT)

 

Ваквите слики се честа појава ширум бивша Југославија. Откако беше ослободен во Хаг, бившиот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, во Приштина беше дочекан како херој [IJT-141], исто како и хрватскиот генерал Анте Готовина, кој се врати дома откако пресудата му беше укината во жалбена постапка. Сите тие зборуваат за менталитетот кој луѓето ги дели на „наши и нивни“, и кој честопати го формира начинот на кој МКТЈ се перципира во регионот. Осудителната пресуда против „нашите“ се смета за национален пораз, а ослободителната за победа. Фактите врз кои се потпира осудителната пресуда и кои ги третира како докажани веќе престануваат да имаат некаква важност. Вистинско самопреиспитување, кое би претставувало чекор кон признавање на фактите, речиси и да не постои. „Ако Готовина не бил одговорен за убиствата на цивилите во текот на операцијата Олуја (1995.), со која лично командуваше, тогаш кој е одговорен?“ се прашува Марио Мажиќ, активист за човекови права од Хрватска, истакнувајќи дека неговата земја пропушти голема можност да го испита целото прашање откако Готовина беше ослободен. И многу други зборуваат во своите земји на сличен начин. Но, сите тие мораат да се борат за некој воопшто и да ги слушне.

Дали МКТЈ може да го оствари помирувањето?

Иако тврди дека неговата работа „придонела за отворање на патот кон помирувањето“ на некогашните страни во судир, МКТЈ истовремено не е опремен за таква задача. Преокупиран со утврдување на индивидуалната кривична одговорност, Трибуналот има тенденција да се фокусира на правните прашања, кои се можеби исклучително релевантни за самото судење, но нема да ги задоволи жртвите кои бараат признание, ниту ќе им ги отвори очите на сите оние кои одбрале да не ги видат.

И покрај тоа, во оние случаи во коишто на крајот беа изречени осудителни пресуди, сепак Трибуналот го предводеше процесот на утврдување на фактите кои можат да бидат искористени како темел на историскиот наратив. Но, последните ослободителни пресуди ги компликуваат таквите напори. Ослободувањето на обвинетиот не значи дека злосторството не било извршено, но ниту сторителите, ниту жртвите не ги разликуваат таквите нијанси. Кога воениот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, неодамна беше прогласен за виновен за масовно убиство, односно за злосторство против човечноста во седум општини ширум Босна, а истовремено ослободен по об виненијата за геноцид во истите места, најмалку стотина жртви и членови на нивните семејства кои беа насобрани пред зградата на судот, тоа го окарактеризираа како вистинска [IJT-192].  За нив тоа претставуваше неказнивост.

„МКТЈ се занимава со индивидуална кривична одговорност, тој не може да ни ја пишува историјата, ниту тоа треба да го бараме од него“, вели Мажиќ. „Тоа треба да го сториме самите ние.“ Локалните активисти од целиот регион го сторија токму тоа кога го создадоа РЕКОМ – иницијативата за воспоставување на независна регионална комисија која ќе истражи што навистина се случило за време на војната. Комисијата би се држела подалеку од правните рамки кои се врзуваат за МКТЈ, а наместо тоа би се фокусирала на утврдувањето на фактите за она што се случувало на теренот. „Нашата работа се базира на факти, а на она што на луѓето непосредно им се случило.  Правните одлуки не се релевантни за тоа“, вели Наташа Кандиќ, борец за човекови права од Србија и член на Коалицијата за РЕКОМ.

Прашањето дали она што се одиграло во босанскиот град Приједор [IJT-157]би можело правно да се окарактеризира како геноцид или не, е само една од темите на вжештените дебати во регионот.  МКТЈ утврди дека неколку илјади не-Срби биле одведени и затворени во ужасни услови, односно дека многу од нив биле убиени.  Независната комисија би можела да им помогне на сите страни да утврдат точно кој бил убиен во текот на војната и кој бил одговорен за тоа.  На таквиот историски запис би можеле да се потпираат и школските учебници.  Спроведените истражувања сугерираат дека свеста за извршените воени злосторства кај младите сѐ повеќе опаѓа, наместо заедно со нив да расте.

Од покренувањето на Иницијативата за РЕКОМ изминаа речиси десет години, но се чини дека основањето на комисијата и натаму е далечна цел.

РЕКОМ собра значајна поддршка – преку 500,000 потписи за основање на комисијата, па дури и начелна поддршка на некои клучни политички фигури, како актуелниот српски премиер Александар Вучиќ.  Но, од покренувањето на оваа иницијатива минаа речиси десет години. Регионална комисија која би била поддржана од сите бивши завојувани страни допрва треба да биде воспоставена, но малкумина се оние кои очекуваат ова да се случи наскоро.

Иако недамнешните контроверзни одлуки на Трибуналот ја нагласија потребата од ваква комисија која ќе работи на утврдување на фактите без предизвикување нови тензии, проблемот е во тоа што таквите пресуди истовремено ги продлабочуваат токму поделбите кои го отежнуваат мобилизирањето на поддршката за РЕКОМ.  Сѐ додека доминира тој менталитет на наши и нивни, општествата кои сметаат дека доживеале „пораз“ пред Трибуналот ќе бидат склони кон тоа и натаму да ги зацврстуваат своите позиции и да се фокусираат само на својата визија на настаните.

Кампањата за собирање потписи за РЕКОМ беше, во тој поглед, индикативен пример. Покрената не долго по првостепената осудителна пресуда за хрватскиот генерал Анте Готовина (2011), набрзо беше изложена на бројни акти на застрашување на нејзините активисти, првенствено во Хрватска каде такви инциденти имаше многу повеќе одошто во другите земји во регионот.  Петицијата за основање на РЕКОМ на крајот ја потпишаа 20,000 хрватски граѓани, што е спектакуларно мал број во споредба со Босна (120,000) или Србија (250,000).  Тоа е, се разбира, само првиот впечаток, а самите активисти во најголема мерка ги објаснуваат тие инциденти со лошиот тајминг.  Исходот можеби ќе беше поинаков доколку кампањата беше покрената по неговото ослободување во жалбената постапка.  Сѐ додека доминира тој менталитет на наши и нивни, општествата кои сметаат дека доживеале „пораз“ пред Трибуналот ќе бидат склони кон тоа и натаму да ги зацврстуваат своите позиции и да се фокусираат само на својата визија на настаните.

Затоа и натаму е многу тешко да се допре до оние чии наративи за војната се разликуваат од нашите. „Мнозина денес велат дека, ако веќе судиите на Трибуналот не можат да се договорат, тоа треба да го сториме самите ние“, вели Мажиќ.  „Во некоја рака, тоа е навистина така, но потребен ни е критички осврт кој ги вклучува различните перспективи, а тој се создава по пат на дијалог.  Но, во овој момент не гледам дека е тоа можно.“

 

— Oва е втората приказна во серијалот на IJT кој се состои од четири статии кои се занимаваат со наследството на Меѓународниот кривичен трибунал за бивша Југославија во пресрет на планираната дебата Расплетсудењата и маките на Трибуналот за воени злосторства во поранешна Југославија“, која заеднички ја организираат холандскиот NIOD, Институтот за изучување на војната, Холокаустот и геноцидот и интернет порталот на IJT (International Justice Tribune).  Дебатата ќе биде организирана во Амстердам на 31 мајРегистрацијата и дополнителните информации за дебатата и за учесниците можат да се најдат на следниот: click here.–

 

Напомена за авторското право: „Овој текст е оригинално објавен на порталот International Justice Tribune, 24 мај 2016. За повеќе прилози, посетете ја нашата интернет страница www.justicetribune.com или следете нѐ на социјалните мрежи Facebook и Twitter (@Justicetribune)“