28.10.2008.
IV регионален форум за транзициска правда
Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и за другите тешки кршења на човековите права во бивша Југославија
Приштина
28-29 октомври 2008 година
Четвртиот регионален форум за транзициска правда беше најмасовниот собир за механизмите за утврдување на фактите за воените злосторства кој некогаш бил одржан на просторот на бивша Југославија. Тој беше организиран од Фондот за хуманитарно право, Documenta, Истражувачко-документацискиот центар, Здружението Shpresimi и Community Building Mitrovica. Меѓу 325-те учесници од Косово, Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора, Словенија и Македонија, најбројни беа жртвите и претставниците на здруженијата на жртвите (преку 200), потоа околу 100 млади, претставници на организациите на младите и средношколците и студентите, кои не членуваат во младински организации, и преку 100 активисти за човекови права и други невладини организации од регионот. Меѓу учесниците на форумот имаше и судии и обвинители од БиХ и од Косово. Во работата на форумот учествуваа 20 претставници на Здружението на семејствата на киднапираните, убиените и исчезнатите цивили и полицајци на Косово, додека други српски здруженија од Србија и Република Српска одбија да учествуваат во знак на протест поради прогласувањето на независноста на Косово.
Собирот со поздравен говор го отворија претседателот на Косово, Фатмир Сејдиу, заменикот на шефот на мисијата на EULEX Roy Reeve и други високи функционери.
За форумот известуваа следните медиуми: Бета, Данас, Политика, Koha Ditore, Zeri, Нови лист, Слободна Босна, Република Толеранција, BIRN, RTK 1 (Info), RTK 1 (Дневник), Радио Слободна Европа, B92 и други медиуми.
На овој Форум беше основана Коалицијата за РЕКОМ, која има задача да спроведе расправа за мандатот, целите и другите елементи на РЕКОМ. Со тоа Иницијативата за основање на Регионалната комисија стана сопственост на Коалицијата за РЕКОМ, а ФХП и Documenta ја преземаа улогата на сервис за техничко-адмнинистративна поддршка на консултативниот процес. По Четвртиот регионален форум за транзициска правда, ИДЦ истапи од Координативното тело и се откажа од натамошно ангажирање и застапување на Иницијативата за основање на Регионалната комисија.
Видеото е достапно само на БХСЦ јазиците.