РЕКОМ мрежа за помирување

Roll-up

29.05.2009.

V Регионален форум за транзициска правда

Roll-up

 

Мандатот и карактеристиките на РЕКОМ

29-30.05.2009

Будва, Црна Гора

 

Петтиот регионален форум за транзициска правда собра преку 200 невладини организации од сите земји на некогашна СФРЈ. Со дури 316 учесници, тоа беше еден од најголемите собири посветени на транзициската правда. Форумот беше организиран од Центарот за граѓанско образование и Акцијата за човекови права од Црна Гора, со помош на Секретаријатот на Коалицијата за РЕКОМ. Тоа беше првиот форум на кој членовите на Коалицијата за РЕКОМ; во рамки на четири работилници, расправаа за моделот и за другите елементи на моделот на РЕКОМ. Еден ден пред Форумот, членовите на Коалицијата го одржаа првото, основачко собрание на Коалицијата, на кое беше усвоен Статутот на Коалицијата и беа избрани членови на Координативниот совет. Петтиот форум го отворија Ранко Кривокапиќ, претседател на Скупштината на Црна Гора, Pierre Mirel, директор на Одделението на Европската комисија за проширување за земјите на западен Балкан и Ron J.P.M. van Dartel, амбасадор на Кралството Холандија во Црна Гора и Србија.

 

Сакам топло да ја поздравам оваа иницијатива на невладините организации, вашата иницијатива да формирате заедничка коалиција за основање на Регионална комисија. Се надевам дека заедно со ваквата иницијатива и со наша постојана поддршка и притисоци, земјите во регионот полека ќе дојдат во ситуација да се помират со своето минато и оттаму да ја градат својата иднина.

Pierre Mirel, директор на Одделението на Европската комисија за проширување за земјите на западен Балкан

 

Галерија

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.