Picture 026

 

  Иницијативите и перспективите на западниот Балкан

Сараево, Босна и Херцеговина

5-6 мај 2006

Првиот Регионален форум за транзициска правда, посветен на иницијативите и перспективите за утврдување на вистината за минатото, беше организиран од Истражувачко-документацискиот центар (БиХ), Фондот за хуманитарно право (Србија) и Documenta (Хрватска), кои се потписници на Протоколот за соработка за документирање на воените злосторства и против неказнивоста (април 2004). Во работата на Форумот учествуваа околу 300 претставници на организации за човекови права и здруженија на жртвите од регионот, на Судот и Обвинителството на БиХ, на Претседателството на БиХ, на Канцеларијата на Високиот претставник во БиХ, на Мисијата на ОБСЕ во БиХ, меѓународни експерти за транзициска првда, претставници на Хашкиот трибунал, како и членови на Работната група на парламентарните политички партии во БиХ, која во соработка со американскиот Институт за мир го подготвува предлогот на законот за основање национална комисија за утврдување на вистината и довербата во БиХ.

Со овој Форум започна првата фаза на Консултативниот процес – дебатата за тоа како какви механизми за утврдување на фактите за воените злосторства му се потребни на регионот.

Галерија

 

Видеото е достапно само на БХСЦ јазиците.