grafika-FORUM-fin.verzija

 

 

 

Помирувањето во постјугословенските земји

 

IX Меѓународен форум за транзициона правда под назив „Помирувањето во постјугословенските земји“ беше одржан на 17 и 18 мај 2013 година на планината Јахорина, во БиХ. Форумот го следеа 220 активисти од организациите на цивилното општество, вклучувајќи ги и здруженијата на жртвите, семејствата на исчезнатите и ветераните, уметниците, како и членовите на академската заедница, претставниците на државните институции на БиХ и на тие од регионот, меѓународните институции и верски заедници. Форумот го отвори Дино Мустафиќ, јавен заговарач за Иницијативата за РЕКОМ, а потоа учесниците ги поздрави Жељко Комшиќ, член на Претседателството на БиХ.

На Форумот се говореше за постигнувањата во воспоставувањето на транзиционата правда во постјугословенските земји, за искуствата на Северна Ирска, помирувањето од аспект на државата, верските заедници, научната заедница, заедницата на уметниците и културолозите, организациите на цивилното општество, како и за наследството на Хашкиот трибунал во функција на помирувањето.

Форумот беше важна тема за медиумите во БиХ, како и за тие во регионот. За Форумот известија порталите B92 и E novine од Србија, дневните весници Novi list од Хрватска, Mladina и Večer од Словенија, како и голем број интернет-портали од БиХ: radiosarajevo.ba, sutra.ba, source.ba, citaj.ba, frontal.ba, новинската агенција Fena, Federalna televizija, неделникот Dani, дневните весници Oslobođenje и Nezavisne, регионалниот интернет-портал „Balkan investigative reporting network“ (BIRN), порталот „Deutsche Welle“, TV 1 Crne Gore и други медиуми.

Шесто Собрание на Коалицијата за РЕКОМ

Шестото Собрание на Коалицијата за РЕКОМ се одржа на 17 мај 2013 година на Јахорина, БиХ. На Собранието присуствуваа 80 членови на Коалицијата за РЕКОМ, и тоа 62 претставници на невладини организации и 18 поединци од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Косово.

Собранието го усвои извештајот за активностите на Коалицијата за РЕКОМ и на јавните заговарачи, но не го прифати Предлогот на минимални начела кои би требале да се почитуваат при формирањето на РЕКОМ. Делегатите заклучија дека Коалицијата треба да заземе став за минималните начела откако државите ќе го дадат своето мислење за Предлог статутот на РЕКОМ, кој беше усвоен од Коалицијата на 26 март 2011 година.

Извештај

Галерија