Извештаи за транзициската правда во постјугословенските земји

20150312120436

Прeдмет на овие извештаи се релевантните случувања од областа на транзициската правда во земјите од поранешна СФРЈ: судските процеси за воени злосторства сторени во периодот 1991-1999 година, институционалните реформи кои се однесуваат на лустрацијата, односот на институциите и на јавноста спрема осудениците, известувањето на медиумите за воените злосторства, комисиите на вистината, работата на организациите на цивилното општество во однос на документирањето на фактите за воените злосторства, решавањето на прашањето на изчезнатите лица, враќањето на бегалците, репарациите и меморијалите.

Вакво истражување е за првпат спроведено во сите постјугословенски земји: Словенија, Хрватска, Србија, Македонија, на Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Тоа беше подготвено од Фондот за хуманитарно право, Фондот за хуманитарно право Косово, Иницијативата на младите за човекови права Хрватска, Центарот за истражување и креирање политики од Македонија, здружението Транзициска правда, одговорност и сеќавање во Босна и Херцеговина од Сараево и Центарот за демократија и транзициска правда од Бања Лука.

Истражувањето е спроведено во  Хрватска, Србија, Македонија, на Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Го реализираа Фондот за хуманитарно право, Dokumenta и BIRN. (достапно само на босански, хрватски, српски и црногорски јазик)

Истражувањето е спроведено во  Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Го реализираа Фондот за хуманитарно право и Dokumenta. (достапно само на босански, хрватски, српски, црногорски и англиски јазик)

Истражувањето е спроведено во  Хрватска, Србија, на Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Го реализираа Фондот за хуманитарно право, Dokumenta и Истражувачко-документацискиот центар од Сараево. (достапно само на босански, хрватски, српски, црногорски и англиски јазик)

Истражувањето е спроведено во Србија, на Косово и во Црна Гора. Истото беше подготвено од Фондот за хуманитарно право. (достапно само на босански, хрватски, српски, црногорски и англиски јазик)