Reg_Cons_Victims

Регионални консултации со здруженијата на жртвите, со жртвите и ветераните за начините на утврдување и кажување на фактите за воените злосторства во бивша Југославија

Консултациите беа организирани од ФХП, Documenta и ИДЦ во соработка со Здружението на граѓаните на Буковица и Плевља и со Здружението на семејствата на киднапираните, исчезнатите и убиените во периодот од 1998 до 1999 година на Косово, Црвен божур. Воведничари беа Наташа Кандиќ (Фонд за хуманитарно право, Србија), Весна Тершелич (Documenta, Хрватска), Мирсад Токача (Истражувачко-документационен центар, БиХ), Јакуб Дургут (Здружение на граѓаните на Буковица и Плевља, Црна Гора) и Љубиша Филиповиќ (Здружение на семејствата на киднапираните и убиените на Косово и Метохија, Црвен божур, Црна Гора). Собирот го обележи лансирањето на иницијативата за основање на Регионална комисија за утвтрдување и кажување на фактите за воените злосторства (РЕКОМ), која иницијаторите – ФХП, Documenta и ИДЦ – ја претставија како конкретизација на поддршката која учесниците на консултациите ја искажаа за регионалниот пристап, како најсигурен метод за утврдување и кажување на фактите за воените злосторства. Учесниците (44), претставници на здруженија на жртвите, на жртвите кои не се членови на здруженија, и на ветераните од Црна Гора, Хрватска, БиХ, Србија, Македонија, Словенија и Косово, ја поддржаа иницијативата за основање на РЕКОМ, со длабоко уверување дека иницијативата ќе добие силна поддршка од здруженијата на семејствата на исчезнатите во сите постјугословенски земји, но и со свест дека без политичка волја на националните влади и без силна поддршка на меѓународната заедница не е можно заживување на оваа иницијатива.
Собирот беше најавен од дневниот весник Дан од Подгорица.

Транскриптот и видео-снимката се достапни само на на БХСЦ јазици.

Mišljenja i preporuke

Transkript