Вести

НВО-Загреб, Хрватска-01.06.2010.

Национални консултации со организациите на цивилното општество за нацрт Статутот на Регионалната комисија за утврдување и јавно изнесување на фактите за воените злосторства и другите тешки кршења на човековите права во бивша Југославија (РЕКОМ)

Documenta- Центар за соочување со минатото во име на Коалицијата организираше Национални консултации со организациите на цивилното општество за Иницијативата за РЕКОМ со фокус на расправата за прелиминарниот нацрт на статутот на идната регионална комисија.

Специфичноста на овие консултации е во тоа што тие беа дел на презентацијата на првата регионална медиумска кампања на Иницијативата за РЕКОМ. Беше рече но дека кампањата на Иницијативата за РЕКОМ има за цел да ги поврзе различните групи и целокупната јавност во изградба на амбиент на сочувство, солидарност и почитување на СИТЕ ЖРТВИ на војните од 1991-2001 година на подрачјето на бивша Југославија со желба да се изгради моделот на РЕКОМ и да се организира собирање на 1,000.000 потписи за поддршка на основањето на РЕКОМ.

Во текот на загрепското претставување на кампањата, одржано во хотелот „Дубровник“ пред нешто повеќе од седумдесет учесници и учеснички, за Иницијативата за РЕКОМ, како и за целите на кампањата зборуваше водителката на Documentа, Весна Тершелич. Меѓу медиумите кои ја следеа презентацијата на медиумската кампања беа и ХРТ, Нова TV, Јутарњи листа, Нови лист, Х-алтер и неделникот Новости.

На консултациите со организациите на цивилното општество учествуваа 40 учесници.

Транскриптот и видео-снимката се достапни само на на БХСЦ јазици.

Primedbe i predlozi

Transkript