РЕКОМ мрежа за помирување

IMG_8896

15.11.2014.

Mарица Шеатовиќ

Mарица Шеатовиќ од Новска во Хрватска. Нејзиниот сопруг Михајло е убиен на 21 ноември1991 година, кога и брачниот пар, Ишо и Сајка Рашковиќ, и ЉубомирВујиќ, сите во куќата на семејството Рашковиќ.

Беа убиени од страна на припадниците на хрватската Прва гардиска бригада „Тигри“, кои беа ослободени од кривична одговорност. Марица Шеатовиќ е една од жртвите кои покренаа приватни тужби за оштета против Хрватска, но го изгубија спорот и денес мораат да отплаќаат огромни судски трошоци. И покрај таквото искуство, таа никогаш не ја напушто Хрватска, ниту Новска, а и денес живее на истата адреса како и пред војната.

„Да ви кажам, одев на сите рочишта, и оној кој минал низ тие судови во која била држава, од овие новонастанатите… мислам дека само оние луѓе кои се силни, со цврста волја, можат да го поднесат тоа. За сите тие неправди кои ни ги чинат на тие судови, кога тие обвинети или нивните заповедници лажат, ве лажат в очи, вие тоа едноставно не можете да го истрпите. Toа е нешто непримерено. На крајот, на повторното судење, ослободени беа двајцата обвинети. И оној што беше осуден во отсуство (…) Сега пресудата е правосилна, не сум ја прочитала, но воглавно судијата на некој начин образложи дека, сепак, хрватската држава е одговорна, бидејќи моите родители се убиени од хрватски војници. Па, тука и немам, ајде така да кажам, баш некаква сатисфакција“.

За своето искуство таа зборуваше во рамки на сесијата „Сведоштва на жртвите“ на Десеттиот форум за транзициска правда во ноември 2014 година.

 

Марица сведочеше и на Четвртиот форум за транзициска правда во Приштина/Prishtinë, одржан на 28-29 октомври 2008 година.

 

 

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.