Меѓународна поддршка

2010

Пододборот за човекови права на Европскиот парламент, на заседанието од 30.09.2010, даде целосна поддршка за основање на РЕКОМ. Директорот на делегацијата за односи со Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово, Едуард Кукан, ги повика Европскиот парламент и Еpoпската комисија долгорочно да ја поддржат оваа „единствена иницијатива“. Во таа прилика, директорот за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување во Европската комисија, Пјер Мирел, изјави: „РЕКОМ е неопходно дополнување на судските процеси и за неа мораме да добиеме целосна подрршка од владите и парламентите“. Во истата прилика, претседателката на Подкомитетот, госпоѓа Хеиди Хаутула оцени дека „ова е првпат една волку важна иницијатива да доаѓа до нас одоздола“.

2011

Европскиот Парламент во Резолуцијата за процесот на европски интеграции на Србија усвоена на 19.01.2011 година ја поддржа Иницијативата за РЕКОМ, како „процес на подигање на свеста и помирувањето ширум Западниот Балкан“, и ги повика властите на Србија и на другите земји да дадат поддршка за оваа Иницијатива.

Парламентарното собрание на Советот на Европа, на 26 јануари 2011 година, ја усвои Резолуцијата Reconciliation and political dialogue between the countries of the former Yugoslavia 1786 (2011), во која посебно беше истакната поддршката за Иницијативата за РЕКОМ, бидејќи истата повикува на јавно признание и на почитување на жртвите.

Европската комисија, во октомври 2011 година, во Извештајот за напредокот на Србија во европските интеграции (EC analytical Rapport 2011) оцени дека „иницијативите на невладините организации и на цивилното општество, како што е РЕКОМ, играат важна улога во јакнењето на помирувањето меѓу граѓаните во регионот“.

Канцеларијата на Главниот секретар на ОН за човекови права, на 15 ноември 2011 година, на состанокот со претставниците на Коалицијата за РЕКОМ, му даде недвосмислена поддршка на Високиот комесар за човекови права во  врска со Иницијативата за основање на РЕКОМ.

Силна поддршка на Иницијативата за основање на РЕКОМ даде и Регионалното биро на УНДП за Европа и за Заедницата на независни држави, на состанокот со делегацијата на Коалицијата за РЕКОМ, одржан на 16 ноември 2011 година. Беше истакната подготвеноста на УНДП своето присуство во постјугословенските земји да го користи за заговарање да се основа РЕКОМ.

При претставувањето на извештајот „Повоената правда и трајниот мир во бивша Југославија“, на 19 март 2012 година во Сараево, Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг, уште еднаш го поддржа основањето на РЕКОМ. Тој апелираше до политичките елити што поскоро да започнат сериозна дискусија во врска со РЕКОМ. Тој ја нагласи важноста од постоењето на еден заед нички наратив и консензус за клучните факти, а го поздрави и фокусирањето на Иницијативата за РЕКОМ токму на процесот на утврдување на фактите. Според зборовите на Хамарберг, таквиот консензус не го исклучува почитувањето и разбирањето на различните верзии на вистината, кои ги има секоја етничка заедница одделно, бидејќи и тоа е еден од аспектите на помирувањето, но заеднички став за клучните факти поврзани со воените случувања од деведесеттите мора да постои.

2012

Европскиот парламент, на 29 март 2012 година, ја усвои Резолуцијата за напредокот на Србија (2011/2886 RSP), документо кој беше подготвен од словенечкиот пратеник Јелко Кацин. Во точка 39 од Резолуцијата, Европскиот парламент „ја изразува својата поддршка за Иницијативата за РЕКОМ со цел таа и натаму да го придвижува и насочува процесот на помирување во целиот западен Балкан“.

Главниот обвинител на МКСЈ, Серж Брамерц, при посетата на Република Хрватска, на 1 април 2012 година, ја поздрави регионалната иницијатива за утврдување и кажување на вистината: „Иницијативите каква што е РЕКОМ се важни затоа што се поттикнати од страна на невладините организации на ниво на општеството, како и од припадниците на цивилното општество, а тие можат да ја надополнат работата на Хашкиот суд и на локалните судови“.

2013

Европската комисија, во извештајот за прогресот на Србија за 2013 година, наведе дека продолжува да го поддржува Процесот РЕКОМ. Во документот Стратегијата на приоширување и клучните предизвици во 2013 -2014 (SERBIA 2013 progress report), кој беше објавен на 16 октомври 2013 година, ЕК го поздрави одржувањето на првиот состанок на претставниците на претседателите на државите за РЕКОМ.

Соопштенија и вести за меѓународната поддршка

Šefovi misija OSCE: Tranzicijska pravda i pomirenje ključ ponovne uspostave povjerenja u jugoistočnoj Evropi   (Достапно само на англиски и БХСЦ  јазиците.)

Делегација на Европскиот Парламент и Комитетот за европска интеграција на Србија ги повикуваат претседателите на земјите во регионот да започнат со процесот за основање на РЕКОМ

Impunity Watch ги повикува парламентите во регионот да се произнесат во врска со Статутот на РЕКОМ

Impunity Watch: Поранешна Југославија: Време е за вистината