DSCF0861

 

 

 

 

 

 

Механизми за утврдување на фактите за воените злосторства во бивша Југославија

Белград, Србија

11-12 февруари 2008

Tретиот регионален форум за транзициска правда беше организиран од Фондот за хуманитарно право (Србија), Documenta (Хрватска) и Истражувачко-документацискиот центар (БиХ). Во работата на Форумот учествуваа преку 300 претставници на здруженија на жртвите, жртви кои не членуваат во здруженија, ветерани, активисти на организации за човекови права и на младински организации, новинари, судии, обвинители, адвокати, пратеници, историчари, уметници, студенти и средношколци. Форумот го отворија претседателот на Народната скупштина на Република Србија Oливер Дулиќ и Специјалниот известувач на Европскиот парламент за Србија, Jелко Кацин, кои силно го поддржаа регионалниот пристап во соочувањето со минатото. За Форумот известуваа: Политика, Дневни аваз, СРНА, Танјуг, Данас, Блиц, Tribune, ИНА, РТС, TV FOX, Радио Слободна Европа и ZaMirZINE.net.

Madeleine Fullard, истражувач во јужноафриканската Комисија за вистината и помирувањето и Sofia Macher, член на Комисија за вистината и помирувањето во Перу, зборуваа за основањето, работата, структурата и составот, како и за ефектите на споменатите комисии за утврдување на фактите за минатото.

На третиот регионален форум дотогашната дебата за вонсудските механизми е конкретизирана – започнува да се зборува за потребата од oсновање на регионално тело за утврдување на фактите за воените злосторства. Учесниците на форумот ја поддржаа иницијативата на ФХП, Documente и ИДЦ за основање регионално тело (регионална комисија), како и предлогот мандатот, активностите и целите на ова тело да се обликуваат преку консултации со цивилното општество.

За првпат беше организирано jавно слушање на жртвите, што од страна на учесниците беше оценето како значајна активност на идната регионална комисија, којашто ќе може да поттикне сочувство со жртвите од другите етнички заедници.

 

Галерија

 

Видеото е достапно само на БХСЦ јазиците.