Го поддржувам РЕКОМ

Podrzavam REKOM-bilbord

 

По повод Mеѓународниот ден на мирот, Коалицијата за РЕКОМ организираше улична акција „Го поддржувам РЕКОМ“ на 21 септември 2013 година, во Бања Лука, Сараево, Белград, Љубљана, Подгорица, Приштина, Загреб и Скопје. Активистите на Коалицијата за РЕКОМ поделија повеќе од 3,000 летоци „Го поддржувам РЕКОМ“ и собраа 738 потписи од граѓани за основање на РЕКОМ. Тоа беше можност за активистите на Коалицијата за РЕКОМ да ги информираат граѓаните за првиот одржан состанок на претставниците на претседателите на државите во регионот за РЕКОМ (6 септември 2013 г.), на кој сите ги поддржаа членовите на Статутот за РЕКОМ (13 и 14) за целите и задачите, но и дека третиот член на Претседателството на БиХ (од Република Српска) и претседателот на Словенија сé уште не именувале свои претставници. Во Сараево е одржана акција во рамките на „Седмица за изградба на мирот“; ден претходно во Скопје, јавниот заговарач проф. Ванковска и Центарот за истражување и креирање политики одржаа конференција за медиуми на која говореа за РЕКОМ како инструмент за изградба на мирот, додека граѓаните во Подгорица пишуваа пораки за мир и за поддршка на РЕКОМ како инструмент за воспоставување на мирот.

Коалицијата за РЕКОМ ја организира акцијата Го поддржувам РЕКОМ

Лифлет