РЕКОМ за иднината на младите

Акцијата „РЕКОМ за иднината на младите“ беше одржана на 24 октомври 2012 година, истовремено во Бања Лука, Сараево, Приштина, Загреб, Белград, Подгорица и Скопје. За време на акцијата 1,421 граѓани ја потпишаа петицијата за основање на РЕКОМ, а 57 поедници станаа членови на Коалицијата за РЕКОМ. Активистите на Коалицијата за РЕКОМ го поделија летокот „РЕКОМ за иднината“ во кој на кратко е прикажан развојот на Иницијатива за РЕКОМ, како и последниот број на !Глас на Иницијативата за РЕКОМ.

Под насловот „РЕКОМ за иднината на младите“, Иницијативата на младите за човекови права (ИМЧП) во Србија организираше трибини и акција за собирање потписи во шест градови во Србија: Нови Сад на 12 ноември 2012г., Крагуевац на 14 ноември 2012 г., Зрењанин на 19 ноември 2012 г., Пирот на 20 ноември 2012 г., Суботица 22ноември 2012г., и Ниш на 23 ноември 2012г. На трибините за процесот РЕКОМ говереа членовите на Коалицијата. Целта беше да се приближи Иницијативата до младите во помалите места, како и да им се даде можност на граѓаните надвор од главните градови лично да ја поддржат Иницијативата за РЕКОМ и да дознаат повеќе за самиот процес.

Компанијата McCann Erickson Група од Црна Гора заедно со Центарот за граѓанско образование од Подгорица го направи видеото РЕКОМ за иднината како поддршка на регионалната кампања.

Видео прилогот е на БХСЦ јазиците.