Во Резулуцијата усвоена на 19 –ти јануари 2011 година на седница во Стразбур, власите во Србија се повикуваат да ја зацврстат соработката со Хашкиот трибунал, да започнат дијалог со Косово и да ги завршат потребните реформи за Србија да бележи напредок на својот пат кон членство во ЕУ.

“34. Во таа смисла се изразува и поддршка за Иницијативата РЕКОМ – Регионална комисија за утврдување на фактите за воени злосторства и други тешки кршења на човековите права во поранешна Југославија со цел продолжување на процесот на помирување на целиот Западен Балкан и се повикуваат властите во Србија но и другите земји вклучени во ова прашање да ја поддржат оваа иницијатива.”