Петиција за РЕКОМ

Почнува досега најголемата регионална кампања „Милион потписи за РЕКОМ“

Со акцијата за „регионално одмрзнуање“ во вторник на 26 април во 11:55 часот на улуца Македонија во Скопје, како и во Сараево, Белград, Љубљана, Загреб, Бања Лука, Приштина и Подгорица ќе започне досега најголемата регионална кампања, за време на којашто се очекува да се соберат милион потписи за поддршка за формирање на РЕКОМ, Регионална комисија за утврдување на фактите за воени злосторства и други тешки кршења на човекови права извршени во периодот од 1991-2001 година на просторот на поранешна СФРЈ.

Прочитај повеќе

За кампањата за РЕКОМ на Филозофскиот факултет во Белград

Толку години по конфликтите, ниедна од земјите се уште нема попис на загинатите во војната, а повеќе од 15 илјади луѓе се водат како изчезнати“, истакна Маја Мичич, директорката на Иницијативата на млади за човекови права (Иницијатива) на трибината Да се знае, да не се повтори, која се одржа на 28 март на Филозофскиот факултет во Белград.

Прочитај повеќе

Impunity Watch ги повикува парламентите во регионот да се произнесат во врска со Статутот на РЕКОМ

Следејќи го скорешното усвојување на Предлог статутот на РЕКОМ, „Impunity Watch“ги повикува сите парламенти во поранешните југословенски земји да преземат потребни чекори за создавање на предложената регионална комисија  за вистина.

Прочитај повеќе