РЕКОМ мрежа за помирување

film-1024x932

11.05.2015.

Филмот како глас на жртвата

Употреба на фактите за војните на територијата на бивша Југославија на филм

X Меѓународен форум за транзициска правда во постјугословенските земји

 

Лазар Стојановиќ

Сториите во врска со војните на Балканот во текот на последната деценија на дваесетиот век сé уште се чести, не само во локалните култури и не само во главните медиуми. Тоа навестува дека сеќавањето на воените случувања не бледнее дури ни после две децении. Ниту после седум или десет децении, кога станува збор за светските војни. Сепак, нешто во врска со истражувањето на овие наши војни се случи многу порано и сосема свесно и планирано: се гледа настојувањето за војната да се зборува од повеќе релевантни агли, да се слушне гласот на сите страни и на сите улоги во тие војни. Toа е дотолку полесно затоа што не постои официјален победник, па прифатливо е за судбината на луѓето, заедниците и општествата, за жртвите и за извршителите на злосторствата, особено на оние од најзагрозените категории, да се зборува без вовлекување политички оценки и идеолошки предрасуди. За Втората светска војна сé уште ретко зборуваме на така слободен начин. Овде, се разбира, станува збор за оние помалку од десет отсто медиумски производи на новинарските и уметничките истражувања, кои не се вклопуваат во дневно-политичката пропаганда присутна во целиот регион, а која обележува повеќе од деведесет проценти од медиумските производи со воена тематика.
Можноста за ваков неоптоварен пристап ја сугерираше структурата и содржината на сесијата за употребата на фактите за војните 1991-2001 во филмовите настанати во регионот. Не беше земена предвид поплавата од телевизиски и филмски производи, која во широк жанровски дијапазон, од фикција до разговори во студио, војната ја третира во политички контекст, ја упортебува пропагандно или настојува воопштено вербално да ја анализира. Oдбрани се примери на луѓе на кои војната драматично им го променила животот, со целосна свест дека таа ги промени животите на сите нас. Oдбраните филмови се засновани на факти кои се општо прифатени, а во некои случаи и утврдени пред суд – но не се општо познати или се потиснуваат од фокусот на јавноста. Имајќи ја во вид основната насоченост на Иницијативата за РЕКОМ, нагласен е аголот на жртвата. Целта беше да се испита и прокоментира улогата на филмот како средство за опредметнување на тој агол и како инструмент за истражување на личноста и на контекстот во однос на овој специфичен и запоставен проблем.

Филмот Tри порзорци и едно бесење, чиј автор е Иса Ќосја, зборува за силувана Албанка која од жртва станува виновник, бидејќи својата приказна ја изнела пред медиумите.

Reditelj Janko Baljak govorio je o temeljnom istraživanju na kojem je zasnovan njegov film Vukovar – poslednji rez i o jedinstvenom iskustvu rada na prvoj koprodukciji Hrvatske i Srbije na ovakvoj vrsti filma.

Ивана Лалиќ, авторка на филмот Сведоци, прикажа снимки од изјавите на клучните сведоци во судските процеси за насилство врз цивилите на Косово. Прифаќањето на улогата на заштитен сведок драстично го менува и натамошниот живот во заедницата и сфаќањето од страна на сведокот на настаните за кои сведочи, понекогаш и целиот остаток од животот на таа личност, вклучувајќи го и идентитетот.

Деца како и сите други, филм на Пјер Жалица, е поглед на децата кои од војната излегле оштетени, телесно и душевно. Откривајќи го нивниот вантрешен свет, Жалица истакна дека во БиХ нема деца кои не се оштетени од војната.

The film Almost Serbs, 1996, B-92 (Belgrade) and Last Productions, Inc. (New York City)

Сесијата ја модерираше авторот на овој текст.

 

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.