t2_IMG_1202

 

Сараево, 7. октомври 2011.

Писмото со поддршка за Иницијативата за формирање на РЕКОМ, упатено на 7. октомври 2011. година до претседателите и до членовите на претседателствата на земјите-наследнички на поранешна Југославија, го потпишаа 155 уметници и интелектуалци, регионално познати и ценети.

Ние, на кои војната во Југославија, со сите поседици, им е предмет на професионално истражување и на уметничко видување, повод за размислување и загриженост за судбината на сеќавањето и на вистината, во име на етиката на работата со која се занимаваме, бараме да направите се што е во ваша моќ за Иницијативата да заживее и РЕКОМ да започне да работи,се вели во писмото.

На конференцијата за печат одржана во таа пригода на 8. октомври 2011. година во Сараево, за поддршка на Иницијативата за основање на РЕКОМ говореа Дино Мустафиќ, режисер од БиХ, Мирјана Карановиќ, глумица од Србија, Урша Раукар, глумица од Хрватска и Дино Мерелин, музичар од БиХ.

„Ова е широка иницијатива на граѓаните кои сакаат вистината да се институционализира низ институциите“, рече Дино Мустафиќ:„Сите знаеме како (со жртвите) се манипулира и како сето тоа можа да не одведе само кон нови судири.“

Урша Раукар го поддржува основањето на РЕКОМ зашто таа комисија има потенцијал да ги спречи манипулациите:„Без вистина, мирен живот за нашите деца не е можен…Направени се страотни злосторства,но второ големо злосторство е манипулацијата (со жртвите).“

Мирјана Карановиќ ја плаши враќањето на реториката од деведесеттите на српската политичка сцена: „До денес ме следи чувството на бес заради начинот на кој ТВ Србија манипулираше со мртвите луѓе.“

Музичарот Дино Мерелин ја подддржува Иницијативата РЕКОМ, со верба дека таа ќе може да се спротивстави на релативизацијата на злосторствата:„Оној кој ја негира и ја порекнува Сребреница, тоа истото го прави и кога станува збор за Јасеновац.“

Словенечкиот режисер Душан Јовановиќ смета дека Иницијативата е мошне добро ослислена и се надева дека апелот ќе вроди со плод. Тој од политиката очекува многу повеќе од чисто принципиелна поддршка.

Писмото на поддршка од интелектуаци и уметници за основање на РЕКОМ