06.03.2015.
Употреба на фактите во уметничките дела :: Tеатарот
Бојан Муњин
Да се биде присутен
Кога од доволна временска дистанца се погледне [Иницијативата] РЕКОМ – тоа неделно претпладне, кога се дискутираше на темата за изминатите војни, уметноста и фактите (во рамки на Х Меѓународниот форум за транзициска правда во постјугословенсите земји), тогаш може да се каже дека таа средба во себе содржеше некаков миг на катарзична возвишеност, но и зрно на тегобна драма. На едно место, како во четвртиот чин на Хамлет, се најдоа протагонистите на југословенската трагедија, која ни по 25 години не можеме да ја заборавиме; нејзините жртви, сведоците, мобилизираните воини, театарските (и филмски) уметници, активистите кои ги броеле мртвите и им помагале на живите, како и оние, денес возрасни луѓе, кои тогаш биле многу малечки и кои со ужас во детските очи ја гледале човечката катастрофа. Всушност, во животната судбина на голем дел од присутните тоа неделно утро им биле втиснати повеќекратни улоги, во кои се измешале професионалните биографии и човечките страдања, лузните на душата и тагата на лицето: тој пригушен внатрешен пејсаж можеше да се почувствува меѓу присутните додека го пиеја првото утринско кафе, подготвувајќи се за конференцијата, која по површните надворешни знаци наликуваше на која било друга под капата небеска. Нешто, сепак, тоа утро отсуствуваше, а што би го забележал само некој посттрауматски терапеут: луѓето разговараа во помали групи, но гласна или необврзувачка смеа не можеше да се слушне. Само насилната смрт како толку неморален факт и совеста како преостанат човечки рефлекс ги споија овие луѓе да се најдат заедно, претворувајќи го наоко рутинскиот собир во место на потенцијална и можеби исклучителна хуманост. Гледано нестрпливо и попреку, уметноста се чинеше како непотребен декор, бидејќи (како сиот југословенски воен ужас да го научивме напамет) ние веќе две и пол децении во грозница ги изговоруваме стотиците имиња, и на жртвите и на злосторниците; како кој загинал, а не морал, и како сето тоа се случило, а не морало. Се караме и врескаме и на пријателите и на неистомислениците, kako je ko poginuo a nije morao i kakужасот на Вуковар и на Сараево, за „Олуја“ и за бегалската колона кај Косовска Митровица, така што сме подготвени и да загинеме уште еднаш ако е потребно, докажувајќи со тоа само дека сме длабоко несреќни заради тоа што се случи, што не можевме или не сакавме да го спречиме, како и дека сето тоа не можеме да си го простиме ниту себеси, ниту на другите. Оттука, пред луѓето од кои мнозина во тие години се изнаголтаа страв и очај, сесијата Употребата на фактите во уметничките дела можеше да звучи како дрзок инцидент или интелектуално пренемагање, но тоа би било случај ако тоа утро зборувавме за комедии, за шеговити сапуници или да теоретизиравме за театарот. Но, тоа утро се бавевме со претстави кои говореа за изминатите војни, а она што можеби беше од „радост“ беше единствено црниот хумор; го нарекуваат и „смеа под бесилка“, а со него се служат луѓето за да не полудат од ужасот, исто како и уметниците за да покажат иронија и презир спрема фактите кои во воените времиња беа подготвени да нѐ проголтаат.
Беше прикажано воведно видео со делови од шест претстави, кои се занимаваат со војната во Југославија и за фактите поврзани со неа; еден дел, од претставата Хипермнезија во режија на Селма Спахиќ беше особено ‘смешен’, бидејќи ги прикажува збудалените станари на еден сараевски облакодер, кои војникот на граничната линија ги групира по националност и бара да потпишат дека доброволно го напуштаат својот имот…
Кога ќе се изгледа целиот видео материјал може, на пример, да се видат момчиња кои се глумат самите себе (Генерацијата 91-95, Монтажстрој Загреб, во режија на Борут Шепаровиќ), а кои родителите или општеството со своите отровни идеологии сакале да ги турнат во војна, или може да се види косовското општество (Patriotic Hipermarket, во продукција на Нови Сад, Приштина и Белград, во режија на сараевскиот режисер Дино Мустафиќ) во кое и Србите и Албанците признаваат дека се ‘гомна и едните и другите’ ои дека многу несреќи се сторени поради глупоста, расипаноста и примитивизмот. Може да се види и дел од претставата Aлександра Зец (HKD Ријека, во режија на Oливер Фрљиќ) која го опишува автентичниот настан на убиството на малолетната Aлександра Зец, нејзините татко и мајка, како и целиот талог на вина и одговорност кои го оптоварија хрватското општество… Го видовме и театарскиот извештај на преживеаните од Сребреница (Potočari Party, во режија на Стеван Бодрожа, продукција на театарот Nestroyhof Виена), како и смртта на Избришаните во Словенија… Всушност, целиот тој театарски патепис, сцена по сцена, делуваше мрачно нестравно, како грд сон, зарем е можно?, како тоа да не ни се случило нам и да не се претворило во еден изкезен фестивал на безумноста во кој човечките суштества се принудно ставени во положба во која никогаш не би сакале да бидат, а некои други луѓе прават работи за кои само миг порано би се заколнале дека никогаш нема да ги сторат. Мислам дека тоа неделно утро бевме свесни, освен за непосредната човечка одговорност, и за спиралното дејство на зло и на неговите метафизички размери.
Панелисти беа режисерите Дино Мустафиќ, Aндреј Носов и Стеван Бодрожа, глумците Aлбан Укај и Maja Изетбеговиќ, директорот на Босанскиот народен театар во Зеница Хазим Бегагиќ и драматургот Aмир Башовиќ: се разбира, сите тие зборуваа за искуствата во работата на споменатите и на други слични претстави, за тегобите во доживувањето на војната и за фактите на смртта и разурнувањата, но некако во воздухот се чувствуваше дека е најважно тоа што се присутни, што сведочат пред жртвите и луѓето нагрнати со болка и лоши сеќавања. На тој начин, тоа претпладне, се искристализира и свеста за дигнитетот и храброста на една генерација уметници, која е создадена во страдањата и фрустрациите на распадот на една убава земја, во кв и лелеци на загинатите и раселените. Во последните 25 години имаше генерации кои не реагираа или блуеја шовинистички идеологии и хушкаа на војна; седумината панелисти не зборуваа од позиција на каква и да е идеологија, туку со едноставен човечки нерв на подадена рака, утеха и разбирање. Притоа, во салата и околу масата имаше луѓе кои во војните биле ‘на спротивни страни’: од почетокот беше јасно дека нема да им биде лесно ниту на едните, ниту на другите, но чесноста на соочувањето и овојпат се покажа лековита – војните од деведесеттите делумно беа последица на поранешните несоочувања и тврдоглавиот племенски полк на сите праведници на овие простори кои, секој со својата гордост и со својата вистина, заминуваа в гроб.
Што се однесува до моето лично искуство, за мене средбата од тоа неделно претпладне поседуваше и можност за човечко простување: сакам длабоко да верувам дека до него дојде во некои човечки срца.
Aвторот е театарски критичар од Загреб