t_II-Forum-1

 

 

 

 

 

 

 

Утврдување на вистината за воените злосторства и за судирите

 

Загреб, 8 и 9 февруари 2007

Вториот регионален форум за транзициска правда за утврдување на вистината за воените злосторства и за судирите беше организиран од Documenta, Фондот за хуманитарно право и Истражувачко-документацискиот центар. Расправата се водеше во сесиите за важноста на фактите за утврдувањето на вистината, за улогата на судските процеси за воени злосторства за воени злосторства во кажувањето на вистината, за регионалниот пристап во кажувањето на вистината и фактите, за утврдувањето на вистината низ очите на жртвите, уметничкото изразување и кажувањето на вистината, за практиките на соочување со минатото во законодавните тела и за важноста на хашката архива. Преку 300 учесници од постјугословенските земји – претставници на организациите за човекови права, здруженија на жртвите и на семејствата на исчезнатите, организациите на бранителите, на Хашкиот трибунал, Меѓународниот центар за транзициска правда, судии, обвинители, уметници и новинари – расправаа, за првпат во Хрватска, за инструментите за утврдување на вистината за минатото. Регионалните партнерски организации – Documenta, Фондот за хуманитарно право и Истражувачко-документацискиот центар – ќе продолжат да организираат јавни расправи и консултации во рамки на цивилното општество, а во насока на поенергично поттикнување на владите и парламентите во регионот да учествуваат во расправата за процедурите и моделот за утврдување и кажување на вистината, како и заради обезбедување на почитување на достоинството на жртвите и создавање на култура на одговорност.

Форумот го отвори претседателот на Република Хрватска Стјепан Месиќ, кој силно го поддржа утврдувањето на фактите на регионално ниво.

За Форумот известија следниве медиуми: ТВ Јадран, Нова ТВ, ХРТ1, Глобус, Нови лист, Јутарњи лист, Вечерњи лист и Слободна Далмација.

 

Галерија

 

Видеото е достапно само на БХСЦ јазиците.