DSCF6195

 

На Шестиот регионален форум во Нови Сад, одржан на 20-21 март 2010 година, кој во име на Коалицијата за РЕКОМ го организише Независното здружение на новинарите на Војводина, учествуваа околу 300 претставници на невладини организации и поединци од целиот регион на бившата СФРЈ.

Винсент Дегерт, шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, во својот воведен збор на отворањето на собирот, рече дека ЕУ ја поддржува Иницијативата за РЕКОМ. „Зошто е тоа важно? Поради тоа спречување на секој историски ревизионизам и заради подобрување на капацитетот на народот да се спротивстави на политичките манипулации на темата случувања од минатото. Со помош на фактите и доказите ќе може да се поплочи патот кон воспоставување на заедничката вистина на регионално ниво. И конечно, со тоа може да се охрабрат регионалните фактори својата интерпретација на минатото да ја базираат на реалностите кои се заеднички утврдени и признати вон секое сомневање. Ова не е лесен процес. Беа потребни 61 година во учебниците по историја во Франција и Германија да се види светлина“, рече Дегерт. Покрај него, на отворањето на собирот зборуваа и Ана Томанова Маканова, потпретседателка на Владата на Војводина, Србија, и Желимир Жилник, режисер од Нови Сад.

Еден ден пред Форумот беше одржано Второто собрание на Коалицијата за РЕКОМ, која ја сочинуваат преку 750 здруженија на жртви, поединци и невладини организации од регионот.

 

Галерија