t_forum-logo.jpg

 

Собирот беше одржан на 27 јуни 2011 година во хотелот Holiday Inn во Сараево, БиХ. На отворањето зборуваа Алија Бехман, градоначалник на Сараево, БиХ, Џенана Каруп Друшко, Здружение на БХ новинарите, БиХ, и Наташа Кандиќ, Фонд за хуманитарно право, Србија. За разлика од претходните форуми кои беа во функција на дебатата за основање на РЕКОМ, цел на овој форум беше да го согледа и оцени резултатите на процесот на транзициска правда низ призма на жртвите, на меѓународните и домашните институции за транзициска правда, организациите за човекови права, епистемолошката заедница, како и на Коалицијата за РЕКОМ и водителот на процесот РЕКОМ, но и да предложи стратегии за поттикнување на институциите и на општествата во регионот на некогашна СФРЈ во насока на преземање на одговорноста за воспоставување на правда за извршените воени злосторства.

„Ова е обид процесот на соочување со минатото да им го предадеме на институциите, затоа што цивилното општество, вклучувајќи ја и Коалицијата за РЕКОМ, иако можат значајно да придонесат во создавањето услови во кои би се одвивал процесот на соочување со минатото, сепак не можат да го водат тој процес на соочување со минатото. За улогата на институциите во тој процес треба да зборуваат оние кои ги претставуваат тие институции. Всушност, нашиот обид е насочен кон тоа да воспоставиме еден јавен дијалог во кој претставниците на институциите јавно ќе проговорат за тие резултати“, рече Наташа Кандиќ на отворањето на собирот.

На Форумот учествуваа преку 200 луѓе од целиот регион, вклучувајќи ги и министрите за полиција и за правда, за човекови права, обвинителите, судиите, адвокатите, пратениците, експертите, жртвите, ветераните, активистите за човекови права, претставниците на црквите и на верските заедници од регионот, како и претставниците на меѓународните институции.

 

Програма

Галерија