Петиција за РЕКОМ

Коалицијата за РЕКОМ се залага на самитот, во рамките на Берлинскиот процес, шефовите на државите, наследнички на некогашна СФРЈ, да потпишат договор за основање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки повреди на човековите права сторени во периодот од 1 јануари 1991 до 31 декември 2001 година (РЕКОМ).

Основни задачи на Комисијата се да ги попише поименично сите цивилни и воени жртви, да ги утврди околностите под кои го изгубиле животот или исчезнале, и да направи регистер на логори и други места на заточеништво. До март 2017 година, Петицијата за основање на РЕКОМ ја потпишаа 580.000 граѓани од постјугословенските земји.

Се потпишувам и јас

Лична картаПасош
captcha Внеси го кодот во редот одоздола.