Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ ја именуваше Злата Ѓурѓевиќ, редовен професор на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб, на 25 јануари...
Претседателот на Хрватска
Иво Јосиповиќ ја именуваше
Злата Ѓурѓевиќ, редовен професор на Правниот факултет на Универзитетот во Загреб, на 25 јануари 2013 година;
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов го именуваше
Лубен Арнаудоски, заменик на генералниот секретар за правни и организациски работи во својот Кабинет, на 25 јануари 2013 година;
Претседателот на Црна Гора
Филип Вујановиќ ја именуваше
Соња Томовиќ-Шундиќ, декан на Факултетот за политички науки во Подгорива и негов личен советник за малцински и човекови права, на 28 јануари 2013 година;
Претседателката на Косово Атифете Јахјага го именуваше
Селим Селими, својот правен советник, на 25 март 2013 година;
Членот на Претседателството на БиХ
Жељко Комшиќ го именуваше
Горан Михаљевиќ, правник, офицер за врска со Хашкиот трибунал, на 25 март 2013 година;
Членот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ го именуваше
Aљоша Чампар, правник, доградоначалник на Сараево, за свој пратеник, на 21 февруари 2013 година;
Претседателот на Србија Томислав Николиќ го именуваше
Синиша Важиќ, судија на Апелациониот суд во Белград за свој пратеник, на 30 јуни 2013 година;
Претседателот на Словенија Борут Пахор и третиот
член на Претседателството БиХ, Небојша Радмановиќ, не именуваа свои претставници за РЕКОМ
[1].
[1]Во име на Коалицијата заРЕКОМ и на јавните заговарачи, професорот Жарко Пуховски, лично му се обрати на претседателот на Словенија, и на 24.04.2014 година прими одговор од неговиот советник за надворешни работи, со кое беше известен дека прашањето на РЕКОМ е во надлежност на Владата на Словенија. На Коалицијата за РЕКОМ ѝ беше препорачано да му се обрати на Миниситерството за надворешни работи на Република Словенија. Tретиот член на Претседателството на БиХ никогаш не одговори на дописите и на јавните обраќања на Коалицијата за РЕКОМ во врска со именувањето пратеник за РЕКОМ.