РЕКОМ мрежа за помирување

REKOM-znak-mali

14.05.2012.

Американскиот амбасадор во БиХ се состана со претставниците на Коалицијата за РЕКОМ

REKOM-znak-mali

Сараево, 11. мај 2012

 

Амбасадорот на Соединетите Американски држави во Босна и Херцеговина, неговата екселенција г-дин Патрик С. Мун (Patrik S. Moon), на 11. мај разговараше со претставниците на Коалицијата за РЕКОМ во БиХ, која ја сочунуваа јавните заговарачи на РЕКОМ (Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и други кршења на човековите права, направени на подрачјето на поранешна Југославија во периодот од 1991. до 2001. година), Здравко Гребо и Дино Мустафиќ, како и Џенана Каруп-Друшко и Едина Ѓурковиќ. Членовите на делегација ги претставија основните цели на Регионалната комисија и нејзината примарна функција, а тоа е утврдување на фактите за човечките страдања во изминатите војни на подрачјето на регионот и создавање јавен простор за огласување на сите жртви во регионот. Се разговараше и за моментниот трансфер на Иницијатицата за РЕКОМ од сферата на невладиниот сектор, на политичко ниво.

Амбасадорот Патрик С. Мун недвосмислено го поддржа основањето на РЕКОМ истакнувајќи дека е импресиониран од целите, инклузивноста и досегашните постигања на Коалицијата за РЕКОМ, а особено од фактот дека задачата на РЕКОМ е  расветлување на судбините на сите жртви во регионот, без оглед на нивната етничка припадност. Тој нагласи дека идејата за основање на РЕКОМ е во склад со политиката на помирување која Соединетите Американски Држави ја поддржуваат.

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.