03.07.2014.
Иницијативата за РЕКОМ на Универзитетот Сингидунум
Mаја Миќиќ одржа предавање за 20-тина студенти од регионот, но и од други делови на светот
Во рамки на летната Школа за компаративни студии на конфликтите, организирана на Факултетот за медиуми и комуникации, во четврток на 3 јули, беше одржано предавање чија тема беше Иницијативата за РЕКОМ.
Пред студентите на модулот „Промислување на транзициската правда – лекциите од Балканот и пошироко“ Иницијативата за РЕКОМ ја претстави Mаја Миќиќ, членка на Коалицијата за РЕКОМ. Во текот на едночасовното предавање Миќиќ даде одговор на прашањето: Зошто РЕКОМ?
Покрај тоа, таа го претстави досегашниот тек на процесот на заговарање, како и целите и задачите на РЕКОМ. Во натамошниот тек на предавањето, во делот на интерактивната дискусија, околу 20-тина студенти од регионот, но и од други делови на светот, разговараа за методологијата на работата на РЕКОМ, за предизвиците во процесот на заговарање за основање на РЕКОМ, како и за мотивите за истрајноста во самиот процесот.