РЕКОМ мрежа за помирување

t_podpis1.jpg

23.05.2011.

Поддршка за Иницијативата за РЕКОМ во Словенија

t_REKOM-znak-mali

Претседателот на Република Словенија, Данило Турк и претседателот на , Павел Гантар ја поддржаа Иницијативата за РЕКОМ. Од кабинетот на претседателот соопштија дека претседателот „посебно го поздравува фактот што Иницијативата доаѓа од граѓанското општество и смета дека Комисијата како организација на граѓанското општество може да придонесе кон утврдување на фактите и процесот на помирување“.

Европската парламентарка Тања Фајон изјави дека е многу важно да се почитува една таква граѓанска иницијатива, особено затоа што го обединува Западниот Балкан. „На патот кон ЕУ ми се чини  дека е многу важно државите да се во состојба да ја надминат поделеноста од минатото, да најдат заедничка вистина и да ги откријат злосторствата и кршењата на човекови права бидејќи само на тој начин животот во ргионот ќе биде полесен“.

Пратеникот на ЛДС Антон Андрелиќ рече дека РЕКОМ може да придонесе да се објаснат околностите кои доведоа до судири како и да се исправи неправдата. Пратеничката на СДС Ева Иргл изјави дека би било добро во истражувањето на тие воени злосторства да се вклучат и убиствата извршени по војните со оглед на тоа што по 1945 година се извршени многу неосновани убиства.

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.