РЕКОМ мрежа за помирување

MAK 1

27.02.2014.

Процес РЕКОМ: септември 2012 – јануари 2014

Извештај за активностите

podrzavamREKOM-logo MAK

Во периодот кој е предмет на овој Извештај, Коалицијата за РЕКОМ оствари такви резултати, кои се над очекуваните и планираните. Јавните акции РЕКОМ за иднината, РЕКОМ за иднината на младите, Трчам за РЕКОМ и Го поддржувам РЕКОМ, покажаа дека граѓаните од постјугословенските земји ја поддржуваат Иницијативата за РЕКОМ, првенствено затоа што е регионална, а потоа и поради нејзините јасно поставени цели и задачи, како и затоа што таа произлезе од локално ниво; Здружението Транзициска правда, одговорност и сеќавање во БиХ (TPOSBH) и Центарот за демократија и транзициона правда (CDTP) заеднички работат на реализацијата на проектот Мапирање на логорите во БиХ, што непосредно придонесува за исполнување на задачата на РЕКОМ која се однесува на попишувањето на сите логори во војните од 1991-2001; уметничката заедница стана промотор на емпатијата како вредност, а која пак е преуслов за приближувањето, почитувањето, довербата и помирувањето на Балканот; јавните заговарачи на Иницијативата за РЕКОМ постигнаа значителен успех кај претседателите на Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и двајца членови на Претседателството на БиХ, кои именуваа лични претставници за РЕКОМ. На првиот состанок на претставниците, одржан на 6 септември 2013 година, тие дадоа безрезервна поддршка на членовите 13 и 14 од Предлог статутот на РЕКОМ, кој беше составен од Коалицијата. На вториот состанок, одржан на 27 октомври 2013 година, претставниците на претседателите на државите за РЕКОМ детално ги разгледаа членовите од седмото поглавје на Предлог статутот на РЕКОМ, ги изнесоа своите мислења во однос на овластувањата на РЕКОМ, изборот на селекционите панели, периодот на дејствување и истражување, одделни термини и други прашања во врска со уставно-правните можности за основање на РЕКОМ.

Покрај тоа, во посочениот период, Коалицијата значително се зголеми: таа сега брои 1.982 членови. Станува збор за најбројната коалиција за транзициона правда, која има капацитет на државите од регионот на поранешна Југославија да им помогне во формирањето на РЕКОМ и во спроведувањето на мандатот во дело, а кој се однесува на пописот на цивилните и воените жртви, логорите и заробениците кои биле изложени на тортура и на вонсудско погубување. Регионалната координација (мрежата на партнерски организации) функционира беспрекорно, со голема посветеност, знаење и одговорност. Поголемиот дел од членството на Коалицијата се вклучува во дебатите за помирувањето, а помладите членови и во уличните акции и онлајн кампањи. Сите членови на Коалицијата го добиваат !Глас на Иницијативата за РЕКОМ, кој во текот на времето стана магазин кој ги разгледува актуелните прашања на транзиционата правда во постјугословенските земји. Состаноците со верските заедници покажаа дека постојат потешкотии во воспоставувањето комуникација и соработка со Српската православна црква во Србија.

Процесот РЕКОМ – Извештај септември 2012-јануари 2014

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.