26.03.2018.
Резиме на политиката: Како Европската унија може да придонесе за помирувањето на постјугословенските земји
Берлински процес, Европската унијаКоалицијата за РЕКОМ смета дека Меѓународниот механизам за кривични судови може директно да придонесе за отстранување на проблемите во судењата за воени злосторства пред домашните судови, и тоа со давање стручна поддршка во изградба на регионална обвинителска стратегија со јасни приоритети во процесирањето на воените злосторства. Основањето на Регионална комисија за откривање и кажување на фактите за минатото (РЕКОМ) овозможува јавно признавање, со име и презиме, на 130.000 жртви од војните од деведесеттите години, што е предуслов за помирувањето внатре и помеѓу постјугословенските земји. Поради тоа, Коалицијата за РЕКОМ ги повикува лидерите на Хрватска, Словенија, како и српскиот и хрватскиот член на Претседателството на БиХ, да им се придружат на останатите лидери на постјугословенските земји, кои изразија подготвеност да го потпишат Договорот за основање на РЕКОМ на самитот на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи во Лондон во јули 2018 година. Коалицијата препорачува основањето на РЕКОМ да биде дефинирано како индикатор за напредокот во процесот на помирување, во рамките на Акциониот план на Стратегијата за веродостојна перспектива за проширување на ЕУ кон Западниот Балкан.
Резиме на политиката: Ќако Европската Уника може да придонесе за помируванјето на постјуг. земји