РЕКОМ мрежа за помирување

РЕКОМ

08.04.2022.

Поддршка на локалните организации на цивилното општество – на иницијативата за транзициска правда и градење доверба во Западниот Балкан – РЕКОМ мрежа на помирување

Втор повик за мали проекти, РЕКОМ

РЕКОМ мрежата на помирување ги повикува организациите на цивилното општество од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово да пријават мали проекти која придонесува за ширење на знаењето за судските факти и за јакнење на жртвите, прифаќањето  и откривањето на фактите за воените случувања и злосторства во локалната заедница, и за изградба на регионалната култура на сеќавање и помирување.

 

Рокот за поднесување пријави и проекти е  25.4.2022 година.

 

РЕКОМ мрежата на помирување (РМП), бившата Коалиција за РЕКОМ, обединува организации на цивилното општество, уметници, писатели, историчари, правници и други поединци кои со своите активности и јавен ангажман го поддржуваат правењето поименичен попис на сите жртви од војните во 1991–2001 година на просторот на поранешна Југославија. Поддршка за регионален попис на воените жртви веќе дадоа 580.000 граѓани на постјугословенските земји, кои во 2011 година ја потпишаа петицијата за основање на РЕКОМ. До 2015 година, лидерите на Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово и Македонија (денешна Северна Македонија), како и двајца членови на Претседателството на БиХ, ја поддржуваа граѓанската иницијатива за заеднички попис на сите воени жртви од страна на државите. Во декември 2014 година, Коалицијата за РЕКОМ го усвои Нацрт Статутот на РЕКОМ, кој претходно беше усогласен помеѓу претставниците на лидерите на споменатите земји и експертите на Коалицијата за РЕКОМ, како документ за покренување постапка за основање на РЕКОМ. Меѓутоа, политичките промени во Хрватска, во февруари 2015 година, доведоа до голем пресврт во таа земја по прашањето на соочување со минатото, со што поддршката за иницијативата на РЕКОМ значајно опадна. Во согласност со договорот со лидерите на останатите постјугословенски земји, Коалицијата ја подготви Декларацијата за основање на РЕКОМ, со предлог министрите за надворешни работи од западниот Балкан да ја потпишат на самитот на Берлинскиот процес во Лондон во 2018 година. Постоеше надеж дека и Хрватска, како членка на ЕУ, дополнително ќе се приклучи. Меѓутоа, одлука за потпишување на декларацијата донесе само Владата на Црна Гора, поради што потпишувањето на Декларацијата беше симнато од дневниот ред на самитот на Берлинскиот процес во 2018 година. Следуваше значајна поддршка од Директоратот на ЕУ за политиката на соседство и проширување на ЕУ. Во рамки на подготовките на самитот на Берлинскиот процес во 2019 година, почесниот генерален директор на ЕК, Пјер Мирел, во име на Директоратот за политиката на соседство го посети Сараево, каде од советниците на членовите на Претседателството на БиХ беше информиран дека бошњачкиот и хрватскиот член на Претседателството имаат нови приоритети – обезбедување на регионалната стабилност и безбедност на БиХ и дека Република Српска не го поддржува помирувањето на темелите на судските факти за што се залага Коалицијата за РЕКОМ. Соочена со губењето на политичката поддршка, во декември 2019 година, Собранието на Коалицијата за РЕКОМ  на своето XII заседание донесе одлука за преструктуирање на Иницијативата за РЕКОМ. Така, фокусот беше ставен на преземањето на грижата за изготвување на регионален попис на жртвите (130.000), зголемување на истражувачките капацитети со вклучување на факултетите за општествени науки од Хрватска и БиХ, и на обезбедување соодветни финансиски средства. Според податоците на РМП, идентитетот на најмалку 27.500 воени жртви е веќе утврден: идентитетот на околу 7.000 жртви на воени злосторства е утврден со судски пресуди, а Фондот за хуманитарно право (ФХП) и Фондот за хуманитарно право Косово (ФХПК) од повеќе извори го утврдија идентитетот на 13.500 цивилни и воени жртви во врска со војната на Косово. Documenta и ФХП го утврдија идентитетот на околу 7.000 цивилни и воени жртви во војната во Хрватска. Значителен дел од работата е завршен, но исклучително важно е што поскоро да се направи попис на сите жртви и податоците да бидат јавно достапни за проверка. За оваа толку значајна работа битна е посилната поддршка на иницијативите на локално ниво кои ги промовираат перспективите на жртвите и на правдата, регионалното помирување, почитување на жртвите без оглед на етничката припадност, поттикнување на младите да учат, паметат и критички размислуваат за минатото. Оттука, и овој проект на мали грантови кој го осмислија членките на РМП кои учествуваат во истражувањето на човечките загуби и местата на заточеништво, односно Фондот за хуманитарно право (Србија), Фондот за хуманитарно право Косово (косово), Здружението за транзициска правда, помирување и сеќавање во БиХ и Центарот за демократија и транзициска правда (БиХ), Центарот за граѓанско образование (Црна Гора) и Институтот за европска политика (Северна Македонија).

 

Водич за поднесување предлог проекти.docx

Формулар за пријавување.docx

Budget template.xlsx

 

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.