16.06.2017.
ЕП ја поттикнува српската влада да преземе иницијатива за основање на РЕКОМ
Извештај за Србија за 2016 година
Резолуција на Европскиот парламент од 14 јуни 2017 година за извештајот на Комисијата за Србија за 2016 година. (2016/2311(INI))
Во делот „Регионална соработка и добрососедски односи“ Европскиот парламент го поздравува
“донесувањето на националната стратегија за истрагите и кривичниот прогон во врска со воените злосторства; ја повикува Србија да промовира атмосфера на почитување и толеранција, како и да ги осуди сите облици на говор на омраза, јавно одобрување и негирање на геноцидот, злосторствата против човечноста и воените злосторства; напомнува дека мандатот на поранешниот обвинител за воени злосторства истече во декември 2015 година; истакнува дека именувањето на неговиот наследник е прашање од голема важност; повикува на спроведување на оваа национална стратегија и на донесување оперативна стратегија на обвинителот во согласност со начелата и правилата на меѓународното право, како и со меѓународните стандарди; повикува на зајакната регионална соработка и на решавање на предметите на воените злосторства, како и на решавање на сите отворени прашања поврзани со нив, вклучувајќи ја и соработката со канцелариите на обвинителите за воени злосторства од регионот по прашањата од заеднички интерес; повикува на целосна соработка со Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, која и натаму го задржува своето пресудно значење; повикува на воените злосторства да им се пристапува без дискриминација, да се реши проблемот на неказнивоста и да се загарантира преземањето одговорност; апелира до властите да продолжат да го решаваат проблемот со изчезнатите лице и да ги утврди локациите на масовните гробници, како и да ги гарантира правата на жртвите и на членовите на нивните семејства; повторно ја истакнува својата поддршка за иницијативата за основање регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите тешки повреди на човековите права сторени во бивша Југославија, и во таа смисла ја поттикнува српската влада да преземе иницијатива“.
EP Report on Serbia for 2016-HR