РЕКОМ мрежа за помирување

inserteri final_Page_25

21.01.2015.

Зошто РЕКОМ

05 Прва медиумска кампања со која Иницијативата РЕКОМ беше претставена пред пошироката јавност во регионот. Промотивните активности започнаа на 1 јуни 2010 година, и тоа истовремено во Бања Лука, Белград, Подгорица, приштина, Сараево и Загреб, а набргу беа проширени и на други градови. Од септември во кампањата беа вклучени и градови во Словенија и Македонија.
Во текот на целата година ширум регионот беа емитирани спотови (во режија на Mилутин Петровиќ и на Слободан Шијан), џинглови, а беа делени и лифлети и промотивен материјал со кој беше претставена идејата за основање на регионалната комисија (Зошто РЕКОМ), a јавноста беше повикана да ја поддржи (РЕКОМ-Дај потпис!).

Формиран е и регионален тим за односи со јавноста, кој се занимава со информирање на членовите и членките на Коалицијата за РЕКОМ, на медиумите и на јавноста за сите случувања во рамките на Процесот за РЕКОМ, и тоа со јавно заговарање и собирање на потписи за поддршка за основање на РЕКОМ. Регионалниот тим на Иницијативата за РЕКОМ и денес ги извршува истите задачи.

Во рамките на оваа медиумска кампања е покрената интернет страницата www.zarekom.org, на која можат да се најдат сите релевантни информации за Иницијативата за РЕКОМ, а отворен е и Facebook профил, Za rekom Për comra For recom. И интернет страницата и FB профилот ја имаат опцијата за online придружување на Коалицијата за РЕКОМ.

Фотографии/инсерти од кампањата

Селектирани извештаи на медиумите за кампањата

Поздравен говор на Наташа Кандиќ на промоцијата на кампањата на 1 јуни 2010 година. (достапна само на босански, хрватски, српски и црногорски јазик)

 

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.