РЕКОМ мрежа за помирување

изложба
изложба

22.11.2021.

Косово: Изложба за исчезнатите лица ја истакнува тагата на семејствата

Missing persons, исчезнати, Косово

Во Приштина е отворена изложба која ја истакнува болката на семејствата, кои повеќе од две децении чекаат вести за нивните членови, кои исчезнале за време на војната, 1998-1999.

 

Изложбата, „Подобро гроб, отколку да не се знае“, отворена во четвртокот во Палатата на младите во Приштина, е повик до властите да вложат повеќе напори за расветлување на судбината на луѓето, кои исчезнаа во периодот 1998-1999 година, за време на војната на Косово.

Насловот на изложбата е всушност цитат на Кумрија Јахмуратај, една од многуте кои сè уште чекаат вести за исчезнатиот член на своето семејство.

Автор на изложбата е уметникот Дритон Селмани, кој рече дека семејствата на исчезнатите „не сакаат да умрат без да ги погребаат своите мртви“.

„Нивните семејства се жртви на судбината – тие се живи, но длабоко во себе се мртви“, нагласи Селмани.

Кустосот, Блерта Хоциа, истакна дека изложените црвени дигитални часовници го мерат времето што поминало откако семејствата последен пат ги виделе своите најблиски, а текот на времето го претставуваат и десетте големи камени блокови, кои воедно се и израз на неуништливоста на сеќавањата на семејствата. „Идејата беше да се прикаже отсуството“, нагласи Хоциу.

Во рамки на изложбата, во ходниците на Палатата на младите, се изложени и лични податоци на исчезнатите.

Изложбата, организирана од Фондот за хуманитарно право на Косово, го одбележува сеќавањето на 1.622 луѓе, чии останки сѐ уште не се пронајдени, главно Албанци, но и Срби, Роми и останати. Изложбата ќе биде отворена до 31 јануари.

 

Антигоне Исуфи


Текст Косово: Изложба за исчезнатите лица ја истакнува тагата на семејствата привично беше објавен на Balkan Insight/Balkan Transitional Justice.

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.