06.02.2021.
Одбележана годишнина од масакрот на Маркале, извршен во 1994 година
Sarajevo, Маркале, СараевоВо Сараево денеска беа положени цвеќиња за жртвите на гранатирањето на пазарот Маркале, извршено во февруари 1994 година, кога беа убиени 68, а ранети 142 лица.
Семејствата на жртвите, граѓаните што го преживеале нападот, бројни здруженија на воените жртви и политичари, ја одбележаа 27-годишнината од гранатирањето на пазарот Маркале, со положување на цвеќе на местото на масакрот.
„Морам, должна сум, бидејќи ова не може да се заборави“, вели Вахида Твицо, која била сведок на масакрот на 5 февруари 1994 година.
Твицо успеала да се скри под една од тезгите и на тој начин го преживеала гранатирањето, во кое загинаа 68 луѓе, а 142 беа ранети.
Со судски пресуди беше утврдено дека гранатата била испукана од позиции на Војската на Република Српска.
Во вториот напад на силите на босанските Срби на Маркале, во август 1995 година, беа убиени уште 43 луѓе, а ранети 84.
Хашкиот трибунал го осуди командантот на Сараевско-романискиот корпус на ВРС, Станислав Галиќ, на казна доживотен затвор, за тероризирање на жителите на Сараево за време на опсадата на градот, а неговиот наследник, Драгомир Милошевиќ, на 29 години затвор.
Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, правосилно беше осуден на доживотен затвор, меѓу другото, и за тероризирање на граѓаните на Сараево со гранатирање и снајперски оган.
Ова е, исто така, една од точките за кои Ратко Младиќ, командантот на ВРС, во првостепена постапка, беше осуден на доживотен затвор. Неговиот предмет е во жалбена постапка, а се очекува конечната пресуда да биде изречена во мај годинава.
Nejra Džeferagić
Текст Одбележана годишнина од масакрот на Маркале, извршен во 1994 година привично беше објавен на Balkan Insight/Balkan Transitional Justice.