РЕКОМ мрежа за помирување

Svetlana Slapsak 4

17.12.2014.

На работ на сеќавањето

Изборниот успех на Вучиќ и положбата на Николиќ во Србија можат да се разберат единствено ако се претпостави дека граѓаните на Србија се зафатени од епидемија на амнезија; опстанокот на ХДЗ по пресудата на Санадер, исто така – преку соодветна заразена популација.

И конечно, викот и крикот по вчерашната правно важечка пресуда на Јанша, исто така, преку третата заразена популација.

Oстанува, меѓутоа, фактот дека двата последни примери се окончани со пресуда, и барем во еден од случаите и со затвор, додека првиот, српскиот пример, завршува речиси со народен хепиенд.

Како да се сфати и, особено, како да се излечи оваа болест? Дали е неизлечива? Да погледнеме некои од основните симптоми: тоа дека т.н. народ е склон кон заборав, што значи кон конформизам и страв, не е нешто што веќе не го знаеме.

Затоа поважни се оние „огледалски“ симптоми, кои ги покажуваат оние чие минато би требало да го одврати секој минимално разумен граѓанин.

Овие, во основа одбранбени симптоми, кои често се кријат зад основниот апарат на моќ и кои користат насилство и застрашување, кај Санадер беа ограничени на постојана дрска лага пред судот. Бидејќи постоеше државен судски апарат кој е истрениран, ако смее, да реагира на дрски лаги, тие лаги беа побивани една по друга, без многу страст, во тековна постапка.

Во случајот Јанша, сплетот на лаги е на уште пониско ниво од она во случајот Санадер, а кој судскиот апарат рутински го побиваше, како симптом е префрлен во јавноста: неподносливо злобните и навредливи твитови на Јанша, комбинирани со манијакални апотеози на водачот од страна на една помала група на особено верни баби, скинси и пропаднати шпиуни.

За разлика од Санадер, Јанша е значи и надвор од судот упорно покажуваше дека лаже. Политичката цел на оваа постапка е да се создаде група луѓе која сѐ што ќе каже водачот ќе го прогласува за вистина, а сето останато за комунистичка завера.

Малку здодевно, навистина, но со своето неверојатно слепило сосема го прикрива фактот дека и самиот Јанша беше млад тврд комунист кога тоа беа сосема мал број на луѓе од неговата генерација, дека тој е еден од клучните одговорни лица за „избришаните“ во Словенија (повеќе од 26.000 лица), о дека практично не постои јавна личност која тој не ја исплукал.

Значи, дијапазонот е многу поширок од оној во случајот на Санадер. Но, колку и да е истрајна, таа постапка подразбира борба против сеќавањата, што значи дека го признава сеќавањето како противник.

Во случајот на Вучиќ (со Николиќ и Дачиќ, па и со нешто поширока група), станува збор за сосема поинаков огледалски симптом.

Со оглед на тоа што од никаде не се ни наслутува некаков процес кој би се засновал на сеќавањето за тоа што правеле тие (еден со Николиќ е завршен во негова полза, а на штета на странката која се повикуваше на сеќавањето), тие не покажуваат ама баш никакви особени вербални симптоми. Освен еден, а тоа е совршената бесмисленост на она што го говорат, особено Вучиќ.

Неговиот стил подразбира силна набиеност со емоции и значења, кои немаат никаква врска со темите. Изразен личен тон, постојани самопрорекувања и самосожалување, постојано изнесување на душевната состојба – како некој да го прашува, а не го прашува.

Тоа „празно“ на неговиот говор е местото каде што се крие сеќавањето. Ако веќе нема колективно, граѓанско сеќавање, Вучиќ мора со празнината да каже нешто за тоа што правел за време на војната, па и потоа. Како боз, како овчар – нешто околу магарешките уши…

За волја на вистината, Санадер и Јанша се насукаа на сосема друго подрачје, на корупцијата. Значи, ништо не ја намалува одговорноста на граѓаните на Србија над сопственото памтење.

Светлана Слапшак

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.