РЕКОМ мрежа за помирување

11.07.2018.

Обврска на државата е да го одбележи Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница

RECOM, Srebrenica

По повод 11 јули, Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница, регионалната Коалиција за РЕКОМ им одава почест на жртвите и повикува на прифаќање на судски утврдените факти за извршениот геноцид, кои се објавени во бројните пресуди на Меѓународниот кривичен суд за бивша Југославија (МКСЈ), како и во пресудите на Судот на Босна и Херцеговина.

Помеѓу 11 и 19 јули 1995 година, во Сребреница е извршено најтешкото воено злосторство во Европа по Втората светска војна. За неколку дена, припадниците на Војската на Република Српска убија речиси 8000 Бошњаци и од тоа подрачје протераа 40.000 жени, старци и деца. Геноцид е единственото вистинско име за тоа злосторство, произлегува од сите пресуди на МКСЈ.

По падот на Сребреница, исчезнаа преку 7.900 лица. До денес идентификувани се 6.938 лица убиени во Сребреница. Посмртните останки се пронајдени на 430 различни локации, од кои 95 гробници.

Потсетуваме дека Европскиот парламент донесе резолуција во која се апелира 11 јули да се прогласи за Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Коалицијата за РЕКОМ смета дека институционалното одбележување на денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница најдобар начин да им се одаде почит на жртвите и да се испрати порака за идните генерации.

Коалицијата за РЕКОМ е мрежа на организации на цивилното општество од постјугословенските земји кои се залагаат за основање на РЕКОМ – Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и за другите тешки кршења на човековите права извршени на територијата на бивша СФРЈ од 1 јануари до 31 декември 2001 година.

This website was created and maintained with the financial support of the European Union. Its contents are the sole responsibility of the RECOM Reconciliation Network and do not necessarily reflect the views of the European Union.