01.09.2021.
Повик за мали проекти
РЕКОМ мрежата на помирување ги повикува организациите на цивилното општество (ОЦО) од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија да пријават мали проекти кои придонесуваат за воспоставување на транзициската првда, градењето доверба и регионалното помирување. Доделувањето грантови за мали проекти е дел на проектот РЕКОМ мрежа на помирување, кој е финансиски поддржан од ЕУ – Служба за инструментите на надворешпната политика (FPI), RBF, CRD и NED.
Испратете предлог проект кој придонесува за ширење на знаењето за утврдените судски факти за жртвите и за злосторствата и коишто поттикнуваат емпатија кон жртвите, придонесуваат за помирување меѓу заедниците, го смалуваат просторот за лагите и политичките интерпретации на минатото и за изградба на култура на сеќавање на сите жртви без оглед на етничката припадност и го поттикнуваат критичкото мислење за минатото и помирувањето.
Најважно е да имате јасна претстава за идејата на проектот кој ќе го развиете на рабтилниците кои ќе ги држат експерти за транзициска правда и за развој на проекти.
Минималниот износ на еден грант по проект е 2.000 евра, а максимален 7.000 евра.
Пријавите се испраќаат електронски, на следниот e-mail: regional@recom.link
Рокот за пријавување е 16 октомври 2021 година.
Водич за поднесување предлог проекти