31.08.2011.
Процесот РЕКОМ: мај 2006- aвгуст 2011.
Процесот РЕКОМ започна со покренување на регионална расправа за механизмите за утврдување и јавно соопштување на фактите за непосреднато минато кои, покрај кривичните судења, можат дополнително да придонесат за создавање на сеопфатни записи за минатото. Одлуката за отпочнување регионална расправа е донесена на состанокот на 10 водечки организации за човекови права од регионот, во септември 2005. година , во Белград, а го организираше Фонот за хуманитарно право. Освен учесниците од пост-југословенските земји, на состанокот присуствуваше и Марк Фриман од Меѓународниот центар за транзициска правда (ИЦТЈ). Учесниците на состанокот ги поддржаа судењата за воени злосторства како најважен правен инструмент за утврдување на индивидуалната кривична одговорност за направените злосторства, но оценија дека тие не се доволни за изгрдаба на историски запис за минатото. Фондот за хуманитарно право (ФХП), Истражувачко- документарниот центар (ИДЦ) со седиште во Сараево и Документа со седиште во Загреб, ја презедоа обврската, во рамките на невладиниот сектор од регионот, да започнат дебата за механизмите за утврдување и кажување на фактите за се што се случи во минатото.