11.05.2015.
Пјер Жалица :: Сокривме премногу црни тајни
Овој режисер се бореше против војната, чиј заложник беше и самиот, со снимање на филмови. Така настанаа некои од најзначајните остварувања за животот на опколеното Сараево и за војната во Босна и Херцеговина, меѓу кои е и документарниот филм сниман за време на војната „Деца како и сите други“. Тој сними и два играни филма, „Гори оган“ и „Кај амиџа Идриз“. Пјер Жалица е еден од најпознатите режисери во регионот и е декан на Академијата за сценски уметности во Сараево.
И кога се занимавате со најтешките прашања, како што се војната и распадот на Југославија, се чини дека сте фокусирани на пронаоѓањето на позитивното и доброто во луѓето. Како Ви успева тоа и зошто е тоа важно, според Вас?
Емоцијата е сила. Неретко и страшна сила, деструктивна сила која може да нѐ разори. истовремено, понекогаш единствено емоцијата може да нѐ спаси, силно да нѐ предупреди дека нешто не е во ред, или да направи да почусвтвуваме дека нешто не е како што треба. Емоцијата е честопати пред логичкото или аналитичкото спознание, му претходи, или го оправдува. Поради тоа, емоцијата ни е на сите нам заедничка, не зависи од културолошките, географските, есхатолошките или кои било други претпоставки. Постојат луѓе кои се инвалиди и на ова поле, кои не се способни да чувствуваат или сочувствуваат, но тоа е веќе простор за психопатија. Сепак, слободно може да се каже: сите ги чувствуваме поеднакво, правдата или неправдата, љубовта или лутината, омразата или страста. Поради тоа, кога ја кажувам приказната на емоцијата, чувството ми е во средиштето на интересот. Мислам дека тоа е и средишна и најсилна точка за универзална комуникација. Што се однесува до фокусот на доброто и во тешките ситуации, тука нема никаква мистерија: не постои толку лошо време и толку лоши околности во кои човекот не може да разликува што е базично добро, а што базично зло. Доколку некој го оспорува ова, едноставно бара оправдување за лошите работи кои ги правел. За таквите работи нема оправдување. Да се сфати, да се прости, тоа е во ред, но да се оправда – не е. A како ми успева – немам поим. Веројатно се трудам.
Сѐ поголем број филмови и театарски претстави се занимаваат со она што „официјалната“ историја го премолчува. Дали јавноста ги препознава и реагира на делата и на пораките на уметниците? Може ли уметноста да ги промени официјалните наративи?
Уметноста отсекогаш делумно се занимавала и со она што се премолчува, мислам дека тоа не е некаква ‘ексклузива’ на нашите денови. И порано се зборувало за забранетите нешта. Можеби ние премногу сме ги ‘турнале под тепих’ нештата, толку црни тајни испосокриле и вешто се преправаме дека никогаш не се ни случиле, или го нарекуваме со други имиња, сосема несоодветни имиња, па сега нѐ ‘претекнуваат’, излегуваат како ѓаволи на федери во поголем обем одошто е тоа ‘нормално’. Разоткривањето на мрачните тајни е силно поздравено од некои, а други се против. Оние кои ги охрабруваат таквите процеси обично се малцинство. И не се само уметници. медиумите, науката, вклучувајќи ја и историската, се непосредни сведоци, многу од нив работат храбра и единствено исправна работа – соочување со вистината. Од другата страна се сите оние кои сакаат да го ослабат тој процес или, во најдобар случај, сакаат воопшто да го нема. И меѓу тие сили има многу уметници. И тие прават филмови, пишуваат книги, цртаат, компонираат, прават театарски претстави… Едноставно, се работи за борба на два концепта: вистината и доброто наспроти злото и лагата. Звучи како во бајките. И навистина е. Бидејќи поделбата никогаш не е така хируршки чиста. Не верувам во апсолутно исправни луѓе имуни на грешки, и обратно. Небаре: едните се добри како ангели и сѐ што ќе кажат или направат е исправно, а овие другите се чиста грешка и зло. Се сомневам во тоа. Тој сомнеж не ме обесхрабрува; напротив, мислам дека е тоа причина повеќе непрекинато да се трудиме да ја направиме вистинската работа, со свест дека е можно и дека ќе погрешиме. Не верувам дека некој некого ќе победи во тој процес.
Како беше да се занимавате со филм за време на војната во Сараево?
Тоа беше страотно исукуство од кое, за жал, сигурно профитирав уметнички. Секако, би се одрекол од таа ‘добивка’ со мирно срце, само да можам да вратам барем еден попусто изгубен жувот во тој пекол на опсадата на градот. Ненормално е тоа. Ненормално е некој да те држи во опсада, иако ништо не си му сторил. Ненормално е некој непрекинато да се обидува да те убие со сѐ и сешто. Ненормално е во тие околности да имаш потреба да живееш, чувствуваш, создаваш… Сите ние бевме како едно среќно семејство во пеколот. Необјасниво. Снимајќи некој документарен филм за децата во војната, самолив едно дете кое сакаше да пее во следниот кадар да се обиде да отпее како се чувствува во војната. Импровизирајќи, го отпеа стихот: ‘весело беше и страшно’. Беше страшно, но ние не сакавме да се согласиме на тоа. Денес понекогаш читам понекоја изјава дека опсада на Сараево воопшто и немало. Дека тоа е измислено. Жал ми е за луѓето кои се подготвени да паднат толку ниско, но згрозен сум од сознанието колку луѓе се подготвени да им веруваат на тие бедници. И тогаш се враќаме на Вашето претходно прашање.
И во Вашиот веројатно најпопуларен филм, којшто се занимава со еден од најголемите југословенски бендови, Плави оркестар, се бавите со политиката, системот, национализмот. Дали некогаш сте почувствувале притисок, во себе или од надвор, поради таквиот пристап кон уметноста?
Не сум јас некој активист. Себе се доживувам како гитарист кој режира филмови. Не избирам ‘oпасни’ теми, во медиумите сум, на пример, честопати ‘прозиван’ како некој кој се бави со неважни теми. Со години се обидувам да направам комедија, но не ми оди. Ќе почнам добро, и тогаш, бавејќи се сериозно со материјалот, немам образ да ги заобиколам работите кои ми се чинат важни. И – oтиде комедијата. Но, опстанува и по малку хумор, што ми е многу мило. Сепак, после секој филм имаше и некои непријатни реакции. Гори огнoт беше окарактеризиран како антисрпски, антихрватски и антибошњачки филм. Некој критичар нашол аргумент дека филмот Гори огнпот е антибошњачки, констатирајќи дека во ниту еден кадар на филмот не се гледа џамија. Не ми беше необичен така бесмислен напад, необична беше мојата прва реакција; си помислив: ‘невозможно, како ќе снимам филм во Тешањ, а да не се види ниедна џамија’… Со други зборови, наседнувате на матрицата на идиотизмот. Од тоа се обидувам да се заштитам колку што е можно повеќе. Иако тврдите дека не чувствувате притисок, дека нема автоцензура, таа е тука некаде, чучната, чека и секогаш по малку ‘работи’. Добро е додека е тоа несвесно, додека не стане свесно, тогаш е готово; треба да се менува работата, да се оди во политика, таму е тоа предност.
Како гледате на идејата за основање на РЕКОМ? Видено низ призмата на уметникот, колку е важно утврдувањето на имињата на сите жртви?
Аголот на уметникот не е тука нештио специфично, барем не би требало да биде. На човечко, индивидуално, ниво ништо не е поважно од тоа. Не трагам по ниту едно име од војната. Кого изгубив – знам. И знам колку ми е тоа важно. Од друга страна, на некое поопшто ниво, тое не е помалку важна работа, бидејќи едноставно тоа е прашање на почитта спрема човечкиот живот. Сите овие наши народи се гордеат како образот им е првата и најважната работа. Во што е тогаш проблемот? A проблемите се бројни, бидејќи и дваесет години по војната, таа работа не е завршена.
Jелена Грујиќ Зиндовиќ