18.12.2012.
Соопстение Арифи за средба со јавниот заговарач на РЕКОМ
Република Македонија
Владата на Република Македонија
Секретаријат за европски прашања
Почитувани,
Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Теута Арифи денеска оствари средба со јавниот заговарач на Регионалната комисија за утврдување на фактите за воените злосторства (РЕКОМ), проф. Билјана Ванковска.
За време на срдбата јавниот заговрач информираше за досегашниот тек на иницијативата и поддршката во рамки на Македонија, особено од државните институции како и од шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Аиво Орав .
Вицепремиерот Арифи истакна дека регионалното помирување е важен аспект на процесот на европска интеграција на земјите од Балканот и редовно се следи од претставниците на Европската унија. Вицепремиерот Арифи исто така посочи дека градењето на меѓуетничките односи во земјата е еден од главните приоритети и е дел од активностите опфатени со Пристапниот дијалог на високо ниво. Во тој контекст Арифи искажа поддршка за сите инцијативи кои придонесуваат за унапредување на регионалната соработка и градењето на доверба меѓу народите.
Сектор за односи со јавност